Зголемените котроли и активности на шумската полиција за спечување на нелегалните сечи и уништување на нашите шуми, предизвикува вознемиреност и очај кај дрвокрадците и шумската мафија. Тие во очај поради неможноста повеќе така лесно и слободно преку уништување на шумите да се богатат, стануваат се поагресивни и започнуваат да им се закануваат и да ги заплашуваат припадниците на шумската полиција.
Најнов пример во кој десетина дрвокрадците организирано со насилни средства се обиделе да ги заплашат припадниците на шумската полиција се случи во Штипско, при што било уништено возилото на шумската полиција.
Ова треба да е јасен сигнал за припадниците на МВР дека треба повеќе да се ангажираат во откривањето и поднесувањето соодветни пријави за дрвокрадците, а правосудните органи да изрекуваат поригорозни казни кои би делувале превентивно и дестимулативно за во иднина.
ConversionConversion EmoticonEmoticon