За првпат во последниве 1000 години Исланд подигнува нови шуми


Пејзажот на Исланд се променил многу за илјада години. Кога Викинзите првпат пристигнле во деветтиот век, земјата била покриена со 25 до 40 проценти шуми. Во рок од неколку века речиси сите дрва на островот биле посечени и запалени за да се направи простор за фармерството. Ова брзо уништување на шумите резултирало со огромна ерозија на почвата што го доведе островот во ризик од опустинување.
Денес, исландската шумарска служба презема огромна задача да ги врати шумите. Со помош на шумските друштва и шумските фармери, дрвјата на Исланд полека почнуваат да се враќаат. Погледнете го овој краток филм од Еуфорген за да дознаете повеќе за тоа како нивните напори овозможуваат придобивки за Исландската економијата и екологијата преку шумарството.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]