Покрај Преспанското езеро вчера се раширил голем шумски пожар кој со големи напори на противпожарните служби се прават обиди да се стави под контрола и да не дојде до поголема материјална штета.
Министерството за внатрешните работи денеска информираше дека вчера, на 20.04.2018 година во 22,50 часот во Ресен, на место викано „Езерани“, настанал пожар, при што горела трска покрај Преспанско Езеро, во должина од 2км.
На местото на настанот излегла екипа од Противпожарна единица Ресен и се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Реагираа и од Еко Герила Преспа.
„Ужаснати сме од човечката злоба, од неводењето сметка за околината, од деструкцијата, која едвај чекаат некои прилика за да ја покажат во полн сјај. Си помисливте на последиците? Кон целокупниот жив свет? Растенијата, животните, птиците, кон еко системот, кон природата, што ни е на сите заеднички дом? Го осудуваме овој чин, се надеваме дека се преземаат некакви мерки од надлежните и дека некој конечно ќе одговара некогаш за палење на трската, за ум на другите!“
Природниот резерват „Езерани“ во 1996 е прогласен за строго заштитен резерват на површина од над 2.000 хектари. Речиси сите видови птици кои живеат во Преспанското езеро се хранат и бараат засолниште на ова место. Има околу 270 видови птици, од кои 105 се водни, а 62 се ставени на листата на заштитени видови.
ConversionConversion EmoticonEmoticon