Дали конечно ќе се прави зелен катастар на Скопје ?


По примерот на искуствата од австриското и германското законодавство за зеленило, пратеничката група на ДОМ, заедно со уште неколку пратеници од власта предложија закон за урбано зеленило. Предлог-законот е во собраниска процедура и помина неколку комисии, но речиси секогаш е меѓу последните точки на пленарните седници. Во образложението на овој предлог-закон пишува дека 25 квадратни метри по жител зеленило овозможуваат здраво и хумано живеење,  што е проекција за Скопје во Генералниот урбанистички план уште од 2002 година. Но, тоа никогаш не се почитува.
Според официјалните податоци, во нашата престолнина во 2011 година имало околу 12,17 зеленило на m², односно по 9,18 m² по жител (сметано на 550.000 жители во рамките на новиот плански опфат). Согласно проекцијата за 2022 година се предвидени 18,5 m² по жител или околу 17 m² по жител според реалниот број жители. Според предлог-законот кој е во собраниска процедура „За да се постигне ова, потребно е многу сериозна работа за подигање нови паркови, дрвореди и друг вид зеленило“.


Со овој предлог-закон е предвидена и обврска за изработка на зелен катастар на сите урбани површини во главниот град, односно целосен попис на зеленилото по вид, број и состојба. Ако овој закон биде усвоен, во иднина при изработка на сите планови и проекти ќе биде потребно да се обезбеди најмалку 20% зеленило на секоја градежна парцела. Во согласност со овој закон, уште во текот на постапката за добивање одобрение за градење, надлежниот орган во изводот ќе му го дефинира процентот на зеленилото на инвеститорот.
Со барање на физичко, правно лице или по службена должност, ќе се започне постапката за утврдување на потребата за сечење, односно кастрење оштетено дрво, како и за дрво за кое надлежната служба ќе утврди потреба за негово сечење, односно кастрење. Општината или градот Скопје ќе бидат должни да донесат решение со кое ќе ја утврдат потребата за сечење, односно кастрење на оштетеното дрво. Потоа на видливо место ќе се врши обележување на дрвото кое е за сечење или кастрење со црвена боја на височина од 130 cm (сечење „С“ или кастрење „К“). Заштитени ќе бидат сите дрвја, со обем на стебло над 40 cm, мерено во висина од 1,3 m, како од јавните така и од приватните површини.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]