Двајца патници, измачени од горештина, се нашле околу пладне до една топола . Дошле под неа и легнале у сенка да одморат. Кога се одмориле, едниот од нив погледнал нагоре по тополата и му рекол на другиот дека ова стебло е неплодно и за луѓето некорисно. Тополата тогаш одговорила: Неблагодарници ниедни! Ме прогласувате за некорисна и неплодна, а уште седите под мојата сенка и уживате од моето доброчинство.
Што е Топола?
Топола е листопадно дрво од родот врби. Може да порасне и до 30-40 метри у висина. Кај нас природно се застапени: црната, белата и сивата топола. Карактеристично за ова дрво е што брзо расте у висина. За 5 години може да порасне до 10 метри.
Зашто се исечени Тополите у Скопје?
У Скопје за 10 години се пресечени поише од 800 Тополи. Или шо ќе рече у Скопје више нема Тополи. Се сечат зато шо наводно биле стари и суви, зато шо предизвикувале алергии, зато шо пензионери барале, и зато шо немале апсолутно никакво позитивно влијание на околината, па како такви се оценети како непотребни. За сечење на тополите не постои потреба од никаква документација, ќе речат своевремено од „Паркови и зеленило“. Или кажано у превод, на ова дрво може да му ја викне пилата кој сака и кога сака. И му ја викна.
Дали се Тополите штетни?
Не да не се штетни туку и се корисни поготово за урбани средини како нашево Скопје. Многу метрополи у светов како на пример Манчестер или Париз имаат цели шуми со нив.
Дали оној што му текнало да ги сади Тополите у Скопје знаел што прави? Апсолутно!
Тополите се природен филтер кои го чистат ваздухот од прашина и гасови зато што се отпорни на хлор, флуор, азот и сулфурни соединенија. За едно лето само една Топола одстранува од ваздухот 20-30 кг прашина, а при тоа испушта у него кислород. Дрво што зема прашина, а пушта кислород не може да биде штетно. Една Топола секој сат истотака испушта у атмосферата 4 грама фитонцид со која луѓето ги штити од микроорганизми. Значи тој што ги садел поред улици, училишта или фабрики, знаел што прави.
Дали Тополите предизвикуваат алергии?
Тополите НЕ предизвикуваат алергија туку само безопасна кивавица и надразнетост на носот. Најголеми алергени уствари се поленот од тревата, брезата и други. Можда оние Маци (ебемлига дали така се викаат и дали е тоа Македонски назив) што паѓаат од женските тополи предизвикуваат мала непријатност и рука на срце малце се досадни, али то е занемарливо во однос на тоа каква корист се има од тополите. Ако некое дрво има многу низок алерген, тогаш тоа е тополата.
Дали Тополите у Скопје биле суви и стари?
На знам дали биле суви, али предпостављам дека биле околу 40 - 50 години стари, можда и поише. Чисто сумњам дека сите Тополи у Скопје биле суви и зрели за сечење. Конкретно ќе ја спомнам Црната Топола. Оваа Топола расте 30-40 метри у висина и живее околу 300 години. Колку биле стари црните тополи шо ги гледате на сликата, а кои се пресечени у Капиштец пред неколку години, не ми е познато.
А све почна кога денешниве омладинци и омладинки станаа премногу свилени и почна да им сметаат тоа маците од тополите демек им предизвикавале алергии, или пак не можеле кафето да го испијат на раат у некој од скопските кафичи. А тоа на некој му дојде као кец на десетка за да направи еко масакр у Скопје. Ги осудија без ниеден доказ дека се штетни и им пресудија по кратка постапка.
У времето ние како копиљаци трчавме кроз тоа морето од маци, рипавме по нив да ги фатиме у ваздух и дувавме у маслачак и правевме падобранци, па ништо не ни фалеше. А родителите ни викаа - пази да не голтнете некоја! Па поради тоа затваравме усти и разговаравме со раце. Не зановетавме многу и не се просерававме дека тополите ни сметаат. 12 месеци у годината имавме чист ваздух, а све благодарејќи на тополите кои бдееја над нас како некоја еколошка војска.
За крај треба да си поставиме едно прашање, а тоа се две прашања:
- Дали сега без Тополите се живее подобро, попријатно и поздраво у Скопје?
- Дали сега без тополите у ова пренаселено Скопје и пребетонирано Скопје нема више алергии?
- Дали сега бетонските зданија засадени на местото од тополите држат подобра ладовина од истите?
Извор: https://skopski.blogspot.mk/
ConversionConversion EmoticonEmoticon