Планинарски дом „Караџица“ бисер на Јакупица


Планинарскиот дом „Караџица“ се наоѓа на планината Јакупица-Мунџица. Јакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Даутица, Голешница, Караџица, Китка и Осој. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2540 метри. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори – врела богати со чиста вода за пиење.


Планинарски дом „Караџица“ се наоѓа на 1455 m надморска височина и е окружен е со убава букова шума. Околу домот се наоѓа голема ливада прошарана со дрвја. Има извонреден амбиент и поглед кон врвовите на масивот од Јакупица. Домот е изложен на југозапад и има долг и сончев период преку целиот ден.
Ова е можеби еден од најубавите планинарски домови во нашата држава, кој е сместен во предел што се одликува со неверојатна убавина. Самата местоположба му е внимателно избрана, поради што се добива впечаток како да е сместен на балкон. Близината на Скопје го прави вистинска прилика да се избега од загадениот воздух и стресниот живот кој е карактеристика на големите градови. Голем број на светски метрополи можат да им завидат на жителите на нашиот главен град, бидејќи не секого природата го дарила со вакви убавини во непосредна близина. Од платформата која се наоѓа пред домот, во ноќните часови можна е спектакуларна вечерна глетка кон светлата на главниот град



Кратка историја на планинарскиот дом 

Домот е почнат да се гради во 1947 година од страна на Планинарскиот сојуз на Македонија, а е даден во употреба во 1950 година. Во неговата изградба учествувале доброволно голем број планинари од Скопје. Во тоа време тоа бил исклучително модерен и комотен планинарски дом. Домот е граден од релативно тврд материјал - надворешната страна камен и малтер, а внатре со букова граѓа. Има приземје и кат. Кога бил изграден под приземјето имало подрумски простории кои служеле како помошни. Во тој период на приземјето имало кујна, една сала и една трпезарија, една голема соба за спиење и три други помали соби кои служат за престој на домарот и за магацини, имало ходници и WC.  


На катот имало 10 соби со различен број на кревети. Имало вкупно 52 кревети, но по отреба можело да се сместат и поголем број на планинари за спиење на душеци. На катот има бања и WC. Во салата и трпезаријата можело да се соберат околу 100 планинари. Во домот немало храна, но можело да се однесе во него да се приготви.
Во минатото домот имал еден постојан домар и се одржувал релативно тешко. Со него во средината на 80-тите години управувало планинарското друштво „Празна Торба“ од Скопје, кое воедно се грижело и за неговото одржување. Во тој период домот во текот на летото бил постојано отворен, додека во текон зимата само од четврток до недела.


Домот имал електрично осветлувања, водовод, WC просторија во призмејето и умивалник. До самиот дом има чешма која во летни услови може да се користи. Водата се добива од непосредна околина на домот и е мошне употреблива за пиење.
 Во периодот од осамостојувањето на Македонија до денес се смениле повеќе планинарски друштва кои повеќе или помалце го одржуваа домот, а тоа се: Празни Торба, Јосип Франговски-Охис, Кораб-Скопје. 
Кога се говори за историјата на планинарскиот дом „Караџица“, не може, а да не се споменат првите домари во домот Чичко Борис и Тетка Павлина. Тие пристапувајќи кон домот и сите посетителите со својата љубов и ден денес живеат во сеќавањата на постарите посетители кој раскажувајќи им на помладите, влеваат чувство дека станува збор за луѓе кој навистина ја сакале планината, природата, домот...
Следни домари кој треба да се споменат се чичко Аким родум од с.Алдинци, Милан и Љубе-Бардак (во време на управување од страна на Охис). 

Планинарскиот дом во денешно време

Денес со домот управува спортското планинарско друштво „Драчево“ од Скопје. Од почетокот на нивното управување во домот се извршени доста промени кои одземаат доста финансии, труд и време, почнувајќи од самите соби, главниот салон, прозорци и врати, ставање во функција на две туш кабини, кујна како и хортикултурно уредување на дворот со што планинарскиот дом „Караџица“ полека но сигурно го добива ликот кој го заслужуваат сите оние кој уживаат во неговата природа и местоположба. 


 Во денешно време домот одлично се одржува и има капацитет од 15 соби со 65 кревети, кујна опремена со пристојни елементи и прибори, фрижидери, ормани за храна, туш кабини, ТВ со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња. Тој преку лето е полн со планинари и други љубители на планините, кои туга ги користат предностите на чистиот воздух и одличната клима во летните месеци. После зимските месеци со загаден скопски воздух, присуството тука е вистинска воздушна бања за прочистување од отровите насобрани во нашите тела.


Планинарскиот дом „Караџица“ е еден ако не и единствен планинарски дом кој е отворен за посетителите во текот на целата година. Со започнување со управувањето на домот од страна на планинарското друштво „Драчево“, се забележува постепено но сигурно зголемување на бројот на гости пред се благодарејќи на превозот, но и на планинарските акции кој ги организира ова и другите планинарски друштва. 





Пристап до планинарскиот дом

Од  Драчево до домот Караџица има 38 km колски пат, но до него може да се дојде на неколку начини и од неколку правци: 
·         Со возило по патот од Скопје – Драчево – Долно и Горно Количани – Црвена Вода до м.в. “Преслап“ по недоволно одржуван асфалтен пат, а од “Преслап“ до домот “Караџица“ е шумски пат кој минува викенд низ населбата Мала Река и селото Алдинци. Должината е околу 50 km.
·         Пеш од “Преслап“  преку Мала Река и село Алдинци, по маркирана патека за околу 2,30-3 часа. Од село Драчево преку планинарски дом “Китка“, м.в. “Преслап“ и село Алдинци за околу 8 часа.
·         Следна можност за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка – Лисиче – Дреново - Долно Јаболчиште - Горно Јаболчиште - Дом Караџица. 


Планинарски патеки за пристигнување пеш до домот Караџица се: 
(скопско) 
·         Преслап - Кадина Река – село Алдинци - Караџица ( 2,5 h пешачење),
·         село Цветово - Дом Караџица (околу  3,5 h пешачење ),
·         село Патишка Река - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (8 h пешачење),
·         село Црн Врв - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење), 


 (велешко) 
·         од Планинарски дом Чеплес - Солунска Глава – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење). 

Можности за рекреација и истражување на околината

Во близина на планинарскиот дом Караџица се наоѓаат  неколку археолошки локалитети и тоа: “Кале” на вливот на Јуручка во Кадина Река, Алдинци, влашки колиби на Салакова Планина, Драчевски рид, селото Црн Врв и други. 


Околината на домот е богата и со разни шумски плодови, габи, чаеви, шумски јагоди, боровинки, капини, малини и др.
Местоположбата на домот нуди многу можности за планинарење, mountain biking, off roud driving, лов и риболов и други спортови. Во текот на летните месеци планината и домот се редовни домаќини на голем број велосипедисти, кои со своите велосипеди уживаат во убавините кои ги нуди оваа планина.


Релации за прошетки во околината на  планинарски дом Караџица има многу благодарејки на живописната природа, но најпосетувани се:
·         Каменот Жаба и Кадина Река (0,5 h пешачење),
·         врвот на планината Мунџица 1569 m надморска височина (0,5 h пешачење),
·         вливот на Салаковска во Кадина река (1h пешачење),
·         Споменикот во чест на паднатиот руски авион (1,5 h)
·         врвот Сипичан 1790 m надморска височина  ( 2,5 h пешачење),
·         Бегово Поле 2000 m надморска височина (3 h пешачење),
·         Салакови Езера 2180 m надморска височина (4 h пешачење), 
·         Лисец (4 часа пешачење),
·         Солунска Глава – 2540 m надморска височина (5 h пешачење).


Покрај тоа во непосредна близина на домот има повеќе поголеми планински реки и потоци кој се погодни за риболов. Поголеми и позначајни реки се Кадина Река, Салаковска Река, Алијагица, Јуручка Река и Мала Река.


Погодни релации за off roud и mount biking се Планинарски дом Караџица - Солунска Глава, Планинарски дом Караџица –  село Горно Јаболчиште, Планинарски дом Караџица - Салаковски Езера и др.

Забава на Бегово Поле

Во текот на летните месеци, најчесто кон крајот на јуни, планината и домот се преполни од планинари и вљубеници во планините и забавата. Тој викенд сите патишта водат кон месноста „Бегово Поле“, каде група ентузијасти организираат забави на отворено.



Ова е уникатен настан во нашата држава кој е вистинска артакција. Во тој период планинарскит дом „Караџица“ е претесен да ги прими сите учесници на забавата, па неговиот двор е полн со шатори.



Овој настат е одлично организиран, па има обезбедено превоз, но голем број на учесници пристигнуваат и во своја режија со велосипеди, теренски возила и пешки. Тогаш целото поле ечи со жива музика од наши бендови, а за секој случај има и медицинска заштита.



Во секој случај ова е уникатен настан кој вреди да се посети.


Телефон за контакт: +389 78 431824
e-mail адреса: spd_dracevo@hotmail.com



Previous
Next Post »

1 comments:

Click here for comments
esoox
admin
October 19, 2022 at 6:40 PM ×

крадени слики си ги потпишал за твои текст појма нема правиш блог ШУПАК СИ

Congrats bro esoox you got PERTAMAX...! hehehehe...
Reply
avatar

pgallery

[Gallery][pgallery]