Скопските новороденчиња од градот ќе добијат на подарок дрво со нивните податоци



Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов денеска најави дека за секое новороденче во Скопје ќе се засади дрво.
За та цел градоначалникот денеска потпиша меморандум за спроведување на проектот со гинеколошко-акушерските клиники во Скопје, во рамките на кој сите родители кои би сакале нивното дете да има дрво со неговите податоци. Тие за ова ќе можат да се пријават во Град Скопје, а од таму ќе засадат дрво во текот на сезонските акции за зазеленување на градот.
Веднаш по напуштање на гинеколошката клиника, заинтересираните родители ќе треба да го пријават добиениот кодот на телефонскиот број 071/395-395, од каде што потоа ќе ги добијат дополнителните информации.
„Заедно со гинеколошко-акушерските клиники и ЈП ’Паркови и зеленило‘ ја почнуваме реализацијата на проектот ’Дрво за секое дете‘. Преку овој проект, им овозможуваме на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Низ годините, секој што засадил дрво ќе може да го следи растот на дрвото заедно со неговото дете“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
Се очекува проектот да започне овој месец, односно првите дрва со име на новороденчињата да се засадат во текот на пролетната акција за зазеленување на градот Скопје.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]