Минатата година пределот кај селото Требовље во регионот на Македонски Брод беше зафатен од голем шумски пожар. Шускиот пожар беснееше повеќе од еден месец и за негово локализирање беа употребени сите расположливи средства, вклучително и авионите за гаснење шумски пожари и хиликоптери, кои заедно со против пожарните единици, вработените од ДЗС, ЈПМШ, локалните власти, припадници на армијата и со локаното население со големи маки успеава да го стават под контрола.
Сепак останува гочливиот впечаток дека неспремноста, необученоста, несоодветната опременост и несериозниот однос на поголем дел од надлежните институци, предизвика овој шумски пожар да земе голем замав и да предизвика девастирање на овој дел од нашата држава кој се карактеризираше со невообичаена убавина, за чие опоравување ќе бидат потребни повеќе декади.
Една година потоа, изгорените стебла и девастираната околина остануваат како неми сведоци на разорната моќ на шумските пожари, да ни укажуваат дека е крајно време да ја сватиме опасноста која ни се заканува и да превземеме соодветни превентивни мерки за заштита од шумски пожари.
ConversionConversion EmoticonEmoticon