На Меѓународниот ден на шумите, 21 Март, рудникот САСА потпиша меморандум со Шумарскиот факутет од Скопје за долгорчна соработка во реализација на активности од областа на животната средина и тоа: производство на растителен саден материјал пошумување на јаловишта и голини и одгледување, нега и заштита на пошумени насади и научни истражувања.
Со меморандумот двете страни се договорија да формираат расадник, во сопственост на рудниот САСА, за производство на шумски саден материјал. Сите финасиски средства за реализација на довореното, вклучувајќи ја изградбата и одржувањето на расадникот, ги обезбедува рудникот.
„Со дел од садниците кои ќе бидат одгледани во расадникот ќе биде пошумено досегашното јаловиште на рудникот, со што обезбедуваме овој терен целосно да се врати во својата природна форма. Останатите садници ќе бидат наменети за пошумување на голите ридови во поширокиот регион што ќе влијае на намалување на ерозијата на земјиштето и појавата на одрони кои предизвикуваат чести проблеми во овие краеви“, изјави генералниот директор на рудникот САСА, Нил Стевенсон, нагласувајќи дека „токму планското пошумување е еден од приоритетните решенија за 16-те најгорливи еколошки точки, идентификувани од страна на граѓанските организации и Владата и затоа сме многу задоволни доколку со оваа инвестиција придонесуваме кон решавање на овие состојби“.
Покрај стручната поддршка во изградба и одржување на новиот расадник, Шумарскиот факултет ќе изврши и теоретска и теренска обука на персоналот на рудникот САСА за тоа како ефикасно да се врши пошумувањето на јаловиштето и ерозивните површини во регионот.
„Заштитата на животната средина е комплексна област за која неопходни се разбирање, научен пристап, соработка и финансии. Партнерството кое го воспоставивме со рудникот САСА ги содржи сите овие компоненти што е гаранција дека целите на овој проект ќе бидат остварени“, истакна деканот на Шумарскиот факултет, проф. д-р Кирил Сотировски.
Воспоставувањето на соработката меѓу рудникот САСА и Шумарскиот факултет, која на долг рок ќе придонесе за пошумување на значајни површини во источниот дел од земјата, го поздрави и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.
„Грижата и унапредувањето на животната средина треба да биде трајна обврска на сите. Овој проект претставува одличен пример како треба да се размислува и делува, и надвор од она што како неопходен миниум го пропишуваат законите. Го охрабрувам рудникот САСА да продолжи со реализацијата на оваа активност која ќе донесе големи придобивки и за локалната заедница“, изјави градоначланичката Стаменкова.
Инаку, токму за идејата за овој проект, како и за сите досегашни активности во доментот на заштитата на животната средина, рудникот САСА го доби годинешното признание „Најдоброто од истокот“ што го доделува Здружението на новинари на Македонија – Регионален ценар Исток.
ConversionConversion EmoticonEmoticon