Денеска е ден на шумите кој се одбележува со мото „Шумите и одржливи градови“



На 21 март го одбележуваме меѓународниот ден на шумите. Оваа глобално одбележување на шумите овозможува платформа за подигање на свеста кај луѓето за значењето на сите видови шуми и дрвја, како и оддавање на значење на одржливоста и нивната заштитна финкција кон нас.
Идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите, настанала на седница на Генералното собрание на Европската земјоделска конфедерација во 1971 година, кога е одлучено тоа да биде 21. март, како ден на есенска рамноденица на јужната односно пролетната на северната хемисфера. Оваа идеја подоцна е поддржана и од ФАО, со цел да се потенцира зголемувањето на свеста за потребата од зачувувањето на шумите и шумските екосистеми.
Бидејќи шумите и урбаното зеленило се значајни фактори за квалитетен живот во урбаните заедници, оваа година тема на денот е „Шумите за одржливи градови“. Со тоа се сака да се укаже дека во и надвор од градовите заштитата на шумите треба да е приоритет.


Главни пораки од овогидошното одбележување на денот на шумите се:
·        Шумите и дрвјата го складираат јаглеродот, што помага во и околу урбаните области да се ублажат влијанието на климатските промени.
·        Дрвјата, исто така, ја подобруваат локалната микроклима, помагајќи да се заштеди енергијата што се користи за греење за 20-50 проценти.
·        Садењето на дрвјата во урбаните области може да го олади воздухот до 8 степени целзиусови, со што ќе се намалат потребите за климатизација за 30 проценти.
·        Урбаните дрвја се одлични филтри за воздух, бидејќи го прочистуваат загадемниот воздух и ги отстрануваат штетните фини честички од воздухот.
·        Дрвјата ја намалуваат бучавата, со што ги штитат домовите од околните патишта и индустриските области.
·        Локалното население и животните ги користат плодовите, оревите, лисјата и инсектите во урбаните дрвја за да произведат храна и лекови за употреба во домот, или како извор на приход.
·        Огевното дрво кое потекнува од урбани дрвја и засадени шуми на периферијата на градовите обезбедува обновлива енергија за готвење и греење, со што се намалуваат притисоците врз природните шуми и нашата зависност од фосилни горива.
·        Шумите во и околу урбаните области помагаат за филтрирање и регулирање на нивото на водите, придонесувајќи за квалитетни слатководни резерви за стотици милиони луѓе. Шумите, исто така, ги штитат сливовите на водотеците и ги спречуваат поплавите бидејќи ја чуваат вода во нивните гранки и почва.
·        Добро управуваните шуми и дрвја во и околу градовите обезбедуваат живеалишта, храна и заштита за многу растенија и животни, помагајќи да се задржи и да се зголеми биолошката разновидност.
·        Шумите во градовите и околината создаваат туризам, создаваат десетици илјади работни места и ги разубавуваат градовите, тие градат динамични, енергетски и просперитетни зелени економии.
·        Урбаните зелени површини, вклучувајќи ги и шумите, поттикнуваат активен и здрав начин на живот, го подобрува менталното здравје, штитат од болести и обезбедуваат место за социјализација на луѓето.

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]