Владиката Петар уценува - или уште повеќе пари или шума


Изгледа дека само човековата лакомост и глупост се безгранични. Навистина е чудно што се случува со црковните шуми во нашата држава. Во последниот период има тренд на масовно уништување на вековните и добро очувани црковни шуми се за пусти пари. Изгледа веќе ни за самите владици исвен парата, ништо друго не е свето.
Имам впечаток дека оваа појава започна со појавата на лиценцираните, кога поединци се поврзаа со епархијата и влегоа во некакви бизниси со уништување на црковните шуми. На владиците по се изгледа им се заарни лесната и брза заработка, па без разлика на се подлегнаа на искушенијата наречени „пари“. 
Би било интересно некој новинар да направи истражувачка сторија за сечите во црковните шуми во минативе 5-6 години. Најновиот обид да се продолжи со веќе разработената шема има во преспанскиот регион, но таму наидуваат на решителен и жесток отпор на локалното население.

За изградбата на манстирот во Јанковец треба да се исечат 80 хектари шума


Таму за да изгради нов манастир владиката Петар ќе сече 80 хектари висококвалитетна дабова шума во Ресенско Јанковец, која со генерации исто и како манастирот е чувана од локалните жителите. Владиката со парите од продажбата на дабовите дрва ќе градел нов манастир Успение на Пресвета Богородица,  но прво планирал да го урне го стариот затоа што бил дотраен.
Целиот проектот веќе бил изготвен а се чекало само потпис од шумското стопанство од Ресен. Но, селаните од Јанковец потпомогнати со населението од целиот регион се на нозе, и како никогаш до сега без разлика на партиската припадност нема да дозволат да се исече шумата и да настане еколошка катастрофа во Јанковец. Ако треба и со жив штит ќе го бранат нивното село од можните еколочки катастрофи кои може да настанат како резултат на уништувањето на природната заштита.
„Ако се исече оваа шума, околу 100 хектари, целата Преспа ќе ги изгуби белите дробови.“ - вели Јован Радевски, жител на с.Јанковец.
„Тоа е само пара и ако ја сечат, половина од селата ќе отидат.“ - вели Илија Павлоски, жител на с.Јанковец.
„Неофицијално, се работи за околу 1 милин евра кои владиката Петар сака да ги присвои, а нас да не остави без заштитниот знак на манастирот, а тоа е шумата.“ - вели Иван Марически, жител на с.Јанковец.
Пред неколку години со сопствени донации изградиле нов манастир до стариот. Подобро упатените велат дека иако нема потреба за нова градба на старата, проектот бил направен од лакомост за пари и за да се исперат пари. Обвинуваат дека од епархијата досега во манастирот досега не е вложен ниту денар иако тие постојано донирале. Подготвени се повторно да помогнат финансиски и физички да се реставрира, а не урне манастирот кој макотрпно го граделе со сопствени средства.
„Му направивме нов конак со камбанарија. Тие место да градат, рушат.“ - вели Јован Радевски, жител на с.Јанковец.
„Жално е да се руши манастирот. Турците не влегувале во манастири, а нашите владици сакаат да го погазат се што е христијанска вера.“ - вели Михаела Димеска, жител на с.Јанковец.
„Ќе помогнеме со сретства и физичка помош да се реновира манастирот.“ - вели Иван Марически, жител на с.Јанковец.
Владиката Петар пак вели дека црквата нема други средства за обновување на манастирот освен тие од сечата на дрвјата, кои и онака биле болни и неупотребливи. Сепак ова е навистина несватливо, ако се знае дека владиците живеат во голем луксуз и покрај тоа со моштвото се имаат заветено на скромен живот. И покрај големата немаштија, граѓаните често ги двојат и последните пари за скапите црковни услуги и за разни донации кон црквата, но и покрај тоа владиците и црквата постојано се жали дека немаат пари, иако не е познато дали преку даноци го потпомагаат развојот на државата како и сите други граѓани.
Владиката со својата дрскост оди и чекор подалеку, што кон жителите на Јонковец упатува порака која многу повеќе личи на закана одколку на порака.
,,Доколку жителите обезбедат 50 или 100 илјади евра  за црквата ние нема да ја сечеме шумата. Но таа е заболена и за неколку години ќе се исуши. Ако не ја исече манастирот, ќе ја исечат дрвокрадци, па ќе немаме ниту шума ниту црква. Сечата ќе биде законска” – вели владиката Петар.
Но, жителите од Јанковец се сомневаат во вистиј=ната на овие зборови и обвинуваат дека владиката лаже оти шумата е болна поради што бараат експертска проверка. Тие велат дека лакомоста на владиката е бескрајна, па сечата е планирана за добивка од неверојаатни 1 милион евра кои ќе завршат во нечиј џеб. Порачуваат одлуката веднаш да се поништи или во спротивно ќе го направат истото што и нивните предци во минатото, на секој начин ќе го заштитат она што е божји имот..


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]