На еден од социјалните медиуми најдов неколку интересни текстови кои се однесуваат на шумарството. Оваа серија текстови се пишувани пред нешто повеќе од една година, но проблемите се актуелни. Затоа чисто од информативни причини решив во целост да го презенирам, иако некои работи се дискутабилни.
Во последно време во Германија се повеќе постројки работат на биомаса како гориво. Како една од причините за ова е тоа што електричната моќност е повеќе пати помала од топлинската моќност. Тоа основна карактеристика за централите за комбинирано производство на струја и топлина.
Вие сте слушнале дека одредени поединци тврдат дека копримираниот гас е „ зелена енергија “, но тоа не е така. Компримираниот гас не е зелена енергија туку е, исто како јагленот и нафтата, нечистисто, валкано и смрдливо фосилно гориво. Германија е на пат сите постројки за затоплување на фосилни горива, да ги замени со постројки кои користат биомаса. Скопска Топлификација користи мазут и гас кои се гнасни и смрдливи фосилни горива. И тоа основна причина зошто Топлификација треба да се замени со постројки на биомаса!
Затоа тука ќе проанализираме што тоа ќе значи за цената на затоплувањето и какви се можноститите:
Ова е текст кој е пишуван на 25. 09. 2016. Тој ден цената на мазутот во Македонија беила 22,795 денари за килограм. Еден килограм мазут содржи 12 KWh енергија. Еден килограм биомаса содржи 4 KWh енергија. Значи со три килограми биомаса ќе се замени еден килограм мазут. Или во пари, ако биомасата се плати 7,6 денари за еден килограм ( 22,795:3= 7,598 ), парното ќе чини исто како кога користи мазут. Значи ако пронајдеме биомаса која чини помалку од 7,6 денари за килограм економски е исплативо, без било какви субвенции, да го замениме мазутот со биомаса. Значи максимална прифатлива цена за биомаса е 7.600 денари за еден тон или изразено во евра, 120 евра за еден тон, a ако најдеме биомаса со пониска цена дури и ќе заштедиме, ако наместо мазут користиме биомаса. А ќе видите дека има голем избор на биомаса која го задоволува условот да биде поефтина од мазутот. Но се поставува прашањето, дали во Македонија може да се набави потребната количина на биомаса?
Од претходните бомби знаете дека, најцрните организирани криминалци, хохштаплерите од Топлификација, мамеа за потрошената количина на мазут и ние таков податок немаме. Но врз основ на веројатната претпоставка дека во Скопје на топлификација најмногу биле приклучени 35 илјади станови и дека за затоплување на секој од нив ќе бидат потребни 8.000 KWh енергија годишно, односно 2 тона биомаса годишно. Можеме да пресметаме дека, за да се замени денешната потрошувачка на мазут и гас со биомаса доволно ќе бидат 70.000 тона годишно биомаса. ( 35.000 станови * 2 тона биомаса ) Но дали и од каде може да се набави таа количина биомаса?
Затоа најнапред ќе зборуваме за биомасата
Под поимот биомаса подразбираме органска материја која се користи како извор на енергија и која потекнува од растенија. Многу е битно, уште на почетокот да кажеме дека основен услов, да некоја материја се користи како биомаса е да растенијата или деловите од растенијата кои ги користиме како извор на енергија не се користат и не можат да се користат за исхрана на луѓето и добитокот.
Биомасата може да се користи дирекно по пат на согорување или да се преработува во биогорива. Како главни извори на биомаса се остатоци од искористување на шумите, одпадоци од земјоделско производство и комуналниот одпад.
Најнапред за биомаса која потекнува од искористување на шумите
Република Македонија се простира на површина од 2.543.200 ха. Од тоа, вкупната шумска површина во РМ изнесува 1.091.857,59ха или 43%. Од вкупната шумска површина 76% или 835.055,82ха се вкупно обрасната површина а 24% или 256.801,77ха необрасната шумска површина (голини). Од вкупната обрасната шумска површина влегуваат 30% - 255.444,74ха високостеблени шумски насади, 65% -546.179,40ха нискостеблени шумски насади, 2% - 14.459,50ха шумски култури и 3% 18.978,18ха се шикари. Вкупниот годишен прираст изнесува 1.616.782 м3, односно 1,93 м3/ха. Шумите во државна сопственост зафаќаат 90,14%од вкупната шумска површина. Приватните шуми зафаќаат 9,86%од вкупната шумска површина, Шумарството во Република Македонија како стопанска гранка учествува во бруто националниот производ со 0,3 до 0,5 %,
Како што гледате шумите во Македонија се во жалосна состојба. Има 24% голини, каде што воопшто нерасте ништо, а од обраснатите површини дури 65% се нискостеблени шуми.
Да погледнеме за момент на ситуацијата со дрвната индустрија во Австрија. Австрија е поголема од Република Македонија има повеќе од 8 милиони жители, но и таму процентуално е слично учество на површината под шуми, 47% од вкупната површина на Австрија е прекриено со шуми. Вкупната површина под шума во Австрија е 3,97 милиони хектари. Годишниот прираст на дрво во Австрија е 31 милиони m³. Од тоа годишно се сечат 19 милиони m³, а 12 милиони m³ останува како годишен раст.
Да погледнеме за момент на ситуацијата со дрвната индустрија во Австрија. Австрија е поголема од Република Македонија има повеќе од 8 милиони жители, но и таму процентуално е слично учество на површината под шуми, 47% од вкупната површина на Австрија е прекриено со шуми. Вкупната површина под шума во Австрија е 3,97 милиони хектари. Годишниот прираст на дрво во Австрија е 31 милиони m³. Од тоа годишно се сечат 19 милиони m³, а 12 милиони m³ останува како годишен раст.
Во Австрија 280.000 рабoтници се вработени во искористувањето на шумите и во индустријата на дрво. Само во пиланите во Австрија се вработени 27.000 работници. Дрвната индустрија во Австрија е еден од главните работодавачи во земјата. Вкупниот производ на дрвната индустрија има вредност од околу 7,29 милијарди евра, од тоа 70% се извезуваат.
Споредете го ова со податоците кои се однесуваат на Македонија.
Споредете го ова со податоците кои се однесуваат на Македонија.
„ Во 2012 година, бруто-примарното производство на обновлива енергија опфаќа: дрво (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад беше 652.342 m3, Најголеми потрошувачи на дрво во 2012 година (огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад) се домаќинствата со 90,0%, а на останатите сектори отпаѓаат 10,0% .“ И што е најлошо последниве две години веројатно не се ни сечат овие 652.342 m3 колку што се сечеа 2012 година. Во Република Македонија, последниве две сезони голем владее недостиг на огревно дрво.
Претходната власт за ваквата ситуација, со производството на дрво и состојбата со шумите ги обвинува дрвокрадците. Таа тврдеше дека наводно имало многу дрвокрадци, кои безправно сечеле дрво и тоа била причината за недостигот на огревно дрво. Не е јасно како дрвокрадците предизвикуваат недостиг на огревно дрво, бидејќи ако навистина има многу дрвокрадци, таквото крадено дрво ќе се појави на пазарот и нема да има недостиг.
Но без обзир што ова тврдење нема логика, власта интензивно ги гони дрвокрадците. Во овој лов на дрвокрадци, покрај шумската полиција е вклучена и редовната полиција. Вести за полициските акции против дрвокрадците се објавуваат во медијумите. Еве што пишуваше во Утрински весник, на 14.08.2014 за една таква спектакуларна акција, во која учествувале дури 30 полицајци:
Велес - Во текот на денешниот ден шумските полицајци од Велес фатиле на дело дрвокрадци како во автомобил пренесуваат дрва кои биле нелегално набавени. Настанот се случил околу 13 часот во месноста Пашин мост, каде шумската полиција има контролен пункт, а тоа е границата помеѓу општините Велес и Чашка. Дрвокрадците се дале во бегство по што почнала потера.
„Шумските полицајци дадоа знак да сопре автомобилот марка лада самара, но наместо тоа возачот додаде гас и возеше директно во патролата. Полицајците мораа да скокнат настрана за да се спасат, по што тие како предупредување пукнаа во воздух. Но, возилото наместо да запре, продолжи. Шумската полиција тргна по нив, а еден од крадците се качи на кровот од колата и почна да фрла од дрвата по џипот на патролата, ја фрли дури и моторната пила, по што побегнаа кон Горно Оризари“, вели возач кој во тие моменти се нашол на местото на настанот.
„Имаше околу 30-ина што шумски, што обични полицајци кои бараа дрвокрадци. Не ги најдоа оти избегале, но ја најдоа колата“, вели жител на Горно Оризари. “
„Имаше околу 30-ина што шумски, што обични полицајци кои бараа дрвокрадци. Не ги најдоа оти избегале, но ја најдоа колата“, вели жител на Горно Оризари. “
Вистинска е среќа што во оваа спектакуларна акција, со пукање и брзо возење автомобили, која наликува на филмовите за чикашките гангстери, немаше повредени инаку овој настан немаше да биде смешен туку ќе беше трагичен.
Ете така, малку се насмеавме. За денес е доста а следниот пат ќе продолжиме со дрвокрадците.
До тогаш нас не ни останува ништо друго освен да ги повикаме сторителите на кривични дела да се предадат на органите за кривично гонење.
Извор: Facebook
ConversionConversion EmoticonEmoticon