Треба да се издигне свеста кај граѓаните и тие да почнат да ги пријавуваат дрвокрадците кога ќе ги забележат. Пленот од нелегалната сеча има голем габарит и не може да се скрие. Народот постојано ги забележува и може да ги пријави, вели универзитетската професорка Марина Малиш-Саздовска
Експертите посочуваат
Нелегалното и безмилосно сечење гранки, стебла, па и цели дрва во земјава претставува кривично дело, а се смета и за организиран криминал, од кој може „дебело“ да се профитира. Состојбата е сериозна, пустошењето шуми е честа слика во шумските предели, а бесправната сеча е најзастапениот вид од областа на еколошкиот криминал, сметаат експертите.
Ова го потврдуваат и официјалните статистики. На годишно ниво во земјава се регистрираат дваесетина случаи на незаконски лов, додека кога станува збор за криминалот поврзан со шумите има над 700 кривични пријави што се однесуваат на кражба, пустошење, злоупотреба на службена положба, несовесно работење итн.
- Шумскиот криминал се појавува во две форми. Едната е бесправната сеча што ја прават социјално загрозените, сиромашните, поради економски причини, но тоа е мал дел. Другото е она што го прават организираните криминални групи, што е потешко да се спречи - смета универзитетската професорка Марина Малиш-Саздовска, која долги години работи со оваа материја.
Поголемите тешкотии за справување со организираните групи Саздовска ги објаснува со тоа што тие постојано го следат теренот, се информираат во врска со тоа колку е тој „чист“, односно кога и каде ќе има контроли, па во зависност од тоа ги координираат нивните активности во шумите и транспортот на исечените дрва.
Граѓаните за ги пријавуваат дрвокрадците
Иако справувањето со организираните еколошки криминалци може да биде тешко, професорката констатира дека постојат неколку начини и мерки со кои тие може да се сузбијат.
- Прво треба да се издигне свеста кај граѓаните за тие да почнат да ги пријавуваат дрвокрадците кога ќе ги забележат. Нелегалната сеча и кражба на дрва има една специфика, а тоа е што станува збор за материјал што има голем габарит и тоа не може да се скрие, па народот ги забележува и може да ги пријави - вели Саздовска, споменувајќи го и нивото на корупција, кое игра важна улога во справувањето со овој криминал.
Зголемени патроли, како на шумската така и на сообраќајната полиција, кои треба да се спроведуваат постојано, не само во сезоната на сечи, се уште едни од мерките што ги предлага професорката. Тука е и поголемото ниво на соработка помеѓу надлежните служби....
ConversionConversion EmoticonEmoticon