Вработените во шумската полиција преку колективен договор ќе ги унапредуваат работничките права


На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата денеска ја разгледа информација за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на вработените во шумската полиција, со што службените лица во шумската полиција се стекнуваат со право на работа во смени, на ноќна работа и на празник.
Владата го задолжи Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамките на своите буџетски можности да пренамени средства од својот буџет и да обезбеди средства за обврските согласно содржината на информацијата бидејќи припадниците на шумската полиција припаѓаат во групата на овластени службеници.
-          Ова значи дека со усвојување на информацијата овластените службени лица во шумската полиција ќе имаат околу 30 осто повисоки примања во текот на секој месец, со тоа што оваа мерка ќе биде имплементирана со првиот ребаланс на Буџетот во 2018 година, изјави Бешњаковски.
Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамки на буџетските можности да пренамени средства од својот буџет и да обезбеди средства за обврските согласно содржината на информацијата.
Се прашувам дали постојаните повторувања за големиот степен на криминалот во шумарството и големите проблеми со кои се соочува заштитата имаат влијание врз оваа одлука. Ако е така, тогаш има надеж за шумарството бидејќи тоа би значело дека новата власт има слух за проблемите и има воља да се оправи состојбата со шумарството и заштитата на шумите.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]