Научниците создадоа супердрво кое е цврсто како челик


Најновиот материјал од иднината е направен од сосема традиционален ресурс. Супердрво кое е цврсто како челик и шест пати полесно од челикот веројатно ќе биде одржливиот градежен материјал на иднината, велат научниците. Научниците дрвото го споредуваат со карбонски влакна, а ќе може да се користи за да се прави се – од згради и автомобили до јакни кои не ги пробива куршум.
Дрвото досега е тестирано со балистички тестови и се покажа дека ламинираната верзија е толку цврста што може да спречи и проектил. Дрвото го создадоа научници од Универзитетот Мериленд со вриење обично дрво во воден раствор кој содржи хемикалии како натриум хидроксид и натриум сулфат. Со овој процес се отстрануваат органските состојки од дрвото кои му ја даваат структурата и цврстината и се прави поеластично.



Процесот е сличен на првите фази од обработката на дрвото за добивање хартија. Потоа тимот научници го пресувал дрвото меѓу две метални плочи загреани на 100°C на 50 пати поголем притисок од атмосферскиот.  Така се отстрануваат просторите меѓу клетките и се набиваат. Притисокот, пак, креира хемиска врска меѓи атомите од кои е составена клеточната структура на дрвото. Крајниот производ е дрво чија големина е пет пати помала од оригиналната и има 300% поголема густина.
„Овој начин на третирање на дрвото овозможува тоа да стане 12 пати појако и 10 пати потешко. Ваквиот материјал може да биде конкурент на челикот или дури и на легурите од титаниум, а може да се споредува и со јаглеродните влакна,  но многу е поефтин. Може да се користи за автомобили, авиони, згради – односно секаде каде традиционално се користи челикот“ вели Hu. Истражувањето е објавено во часописот  „Nature“.


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]