Дрво од кое тече вода, единствен феномен во Црна Гора: кога врнежите се обилни, се претвора во извор (ВИДЕО)


И покрај единствениот феномен ова дрво сепак нема ниедна легенда.
Едно дрво во селото Динош во Црна Гора е навистина единствено, бидејќи од него тече вода. Снимката на овој феномен ги фасцинираше голем број корисници на социјалните мрежи.
Овој редок феномен обично го предизвикуваат обилни врнежи, кои ги преплавуваат подводните извори, па дополнителниот притисок предизвикува водата да излезе на површина.
Дрвото што се гледа на снимката е шупливо, па практично се претвора во извор кога доаѓа до многу обилни врнежи.
Емир Хакрамај, локален жител, вели дека ова се случува веќе 20-25 години, а можеби и подолго, пренесува Радио Слободна Европа.
Истакнува дека дрвото е старо околу 100 години, „а можеби дури и 150“.
Емир вели дека дрвото и покрај овој феномен нема ниедна легенда. Вели дека не се склони кон размислување, бидејќи ова е една сосем природна работа.
Погледнете го видеото:

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]