Студентка од рускиот град Иркуцк одлучила на алтернативен и доста интересен начин да ги одбележи претстојните празници, протестирајќи против уништувањето на дрвјата во шумите ... со нејзиното голо тело.
Младата студентка и покрај исклучително ниските температури одлучила да протестира против сечењето на дрвата во Сибир, а како би го изразила нејзиниот револт и да го сврти вниманиетио на јавноста врз овој проблем таа се фотографирала гола во шумата.
"Не мораме да ги сечеме дрвата за да имаме празнично расположение", рекла Лиана Клевтсова на социјалната мрежа Вконтакте.
Лиана (21) истакнала дека е многу подобро да се украсат дрвата во нивното природно опкружување. За да го покаже тоа, таа заминала во ладна сибирска шума, каде и покрај студот позирала покрај елка која која била украсена со лампиони.
Доста "белите дробови на планетата" се губат во шумски пожари во потоплите месеци, рече таа, повикувајќи ги сите да не ги зголемуваат загубите во текот на зимскиот период. Има многу вештачки елки за да се изберат на пазарот, продолжи таа.
Таа своето видео потоа го објавила на социјалните мрежи, што предизвикало поделени реакции помеѓу луѓето. Некои сметаат дека таа го искористила ова за да се промовира себе си, додека другите ја поддржале во иницијативата.
Во секој случај доста интересен начин на борба за заштита на шумите, кои би можел да биде инспиративен и за студентките од нашата држава.
ConversionConversion EmoticonEmoticon