Дејвид Милчар е во мисија за спасување на Калифорниските крајврежни секвоји, кои се некои од најстарите и најголемите живи организи во светот; тој на својот пат може да ја спаси и планетата.
Нема ништо слично на крајречните секвоји. Sequoia sempervirens е највисокото дрво на планетата, кое расте до височини од над 100 метри во небото. Тие имаат стебла поголеми од 8 метри и можат да живеат повеќе од 2.000 години. Некои од арбореалните нежни џинови кои живееат денес биле живи и во времето на Римското царство.
Пред средината на 19-тиот век, крајбрежните секвоји се протегале на површина од околу 2 милиони хектари долж брегот на Калифорнија, почнувајќи од Биг Сур па се до јужниот дел на Орегон. Луѓето одсекогаш коегзистирале заедно со шумите. Но, со златна треска дошла и нивната сеча, поради што во денешно време само 5 проценти од првобитната шума од стари дрвјата е останата долж брегот од 450 милји. И додека планетата се загрева, се менуваат специфичните услови што ги бара секвојата, поради што нивната иднина не изгледа толку убава. Животните можат да мигрираат на север за да ги избегнат зголемените температури на југот и нивното влијание врз промена на живеалиштата; но дрва неможат.
Но, со овој случај на Дејвид Милчар, можеби и тие можат.
Во 1991 година Миларх, арборст од Мичиген, буквално починал од бубрежна инсуфициенција, пред да оживее и да се врати во живот. Нема ништо слично на искуство како близината на смртта, за да инспирира нов курс во животот, како што беше случајот со Миларх. Неговата нова потрага? Да собере генетски материјал од крајбрежните секвои и да им помогне да мигрираат.
"Чувствувам огромна тага што 95 отсто од нив беа уништени, а ние дури и не знаевме што прават тие за да ни ја осигураат можноста ние како човечки суштества да живееме на оваа планета", вели Миларх. "Ние ги убивме. Тоа е лошата вест. Моја должност е кога пешачам низ неа (шумата) да ги повикам тие дрвја, да ги задржам тие дрвја, и да кажам дека сум тука да сторам сé што е во моја моќ за да ги доведам сите човечки суштества и сета помош со која што ќе можам да ги вратам назад. Да го вратам секое дрво што беше исечено и убиено, а јас ќе го сторам тоа".
Со клонирање и нивно пресадување на места каде што некогаш биле но од каде исчезнале, тој не само што ја зголемил нивната бројност, туку и почнал да ги сади на места каде што имаат подобри шанси за долговечност. И резултатот е двоен: ги спасува дрвјата и ја спасува планетата (за човештвото, барем планетата ќе продолжи со или без нас, но знаеш што мислам). Дрвото на секвојата е меѓу најефикасните алатки на светот за секвестрација на јаглерод, пишува " Moving the Giants". "Милкар учествува во глобални напори за користење на една од најимпресивните достигнувања на природата за да го преиспита позитивниот курс за човештвото".
За да дознаете повеќе за Миларх и за работата што ја работи, погледнете го овој прекрасен краток филм. Тоа може да ве натера да се запрашате дали некој може да стане ангел од искуството да се биде во непосредна близина на смртта.
ConversionConversion EmoticonEmoticon