Вештачки направена планина на која се засадени 11.000 дрвја


Во 1982, унгарско-американската уметница Агнес Денеш одлучила да конструира цела планина и да ја пошуми. По една деценија лобирање, замислата фатила корен. Во 1992 година, финската влада соопштила дека ќе го спонзорира проектот „Планина од дрвја“, 38-метарски рид конструиран врз поранешен ископ за чакал. Денес контурите на шумата се веќе видливи.

Делумно временска капсула, а делумно еколошки проект, „Планина од дрвја“ почнала да се формира близу Улојарви помеѓу 1992 и 1996, во планираната димензија. Шумските насади формираат математички прецизна шема, која Агнеш ја дизајнирала врз основа на златниот пресек во природата. Погледнато од горе, овалната планина изгледа како огромен отисок од прст.



Целта на проектот сепак никогаш не била само естетска. Една од идеите е да се рехабилитра земјиштето уништено од ископување, со тоа што дрвјата треба да се остават да се развиваат следните 400 години, создавајќи стара шума која ќе ја намали ерозијата, ќе развие своја флора и фауна, и ќе го зголеми производството на кислород.



11.000 борови дрвја биле посадени од поединци кои истовремено станале нивни „старатели“. Секој од нив добил сертификат за сопственост во текот на траењето на проектот, значи за следните четири века. Тие можат да го пренесат сопствеништвото на нивните потомци или на други луѓе во тек на цели 20 генерации. Меѓу нив е поранешниот премиер на Британија, Џон Мејџор, како и поранешниот исландски претседател Вигдис Финбогадотир. Тие можат да бидат и погребани под дрвјата, доколку одлучат така.



„Планина од дрвја“ во моментов е најголем колективно направен споменик на Земјата, а посветен на идните генерации. Претходен славен проект на истата авторка е „Поле жито“ од 1982, кога таа на земјиште во вредност од 4.5 милијарда долари, само два блока од Вол Стрит на Менхетен, спроти Статуата на слободата, засадила жито. Кога еднаш било ожнеано, тоа пропатувало низ 28 градови, како дел од Меѓународна уметничка изложба, која промовирала солидарност во ставањето крај на гладот во светот.


Извор: /off.net.mk/

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]