Масовно уништување на шумите во прилепско


Не е никаква тајна дека шумите во нашата држава се уништуваат масовно за лична корист на поединци или на групи поединци. За жал државата е немоќна да се справи со овој вид на криминал и покрај тоа што наизглед би требало да е лесен за откривање, бидејќи дрвата се габаритни и невозможно е незабележано да се транспортираат.
Со својата жестина на уништување се издвојуваат неколку региони, помеѓу кои е и прилепскиот. Таму во континуитет веќе повеќе години од нелегалните секачи се уништуваат големи површини под шуми. Дрвокрадците се толку дрски што не се плашат и да ги нападнат оние кои ќе им се најдат на патот.
Смешно, но целата држава знае кои се дрвокрадците од тој регион и повторно никако да им се застане на патот. Тука се краде со сите можни средства, почнувајќи од камиони, адаптирани автомобили, коњи, па дури и на велосипеди и колички за малтер. Наводно се игра на картата на социјално ранливи категории или на купување на гласови за избори, па тие често се толерираат. Тоа никако не можам да го сватам, таквиот несериозен однос кон шумата и кон дрвото како ресурс за остварување на профит, може да ни се удри од глава еден ден. Но изгледа станавме нација која живее од денеска за утре, што би рекле ромите – купи ден, продај ден.


Сепак има и совесни луѓе кои се вистински патриоти и кои си ја сакаат државата и шумарството. Тие неможат да се помират со ваквото уништување на нашата држава, па на разни начини се обидуваат да ја разбудат свеста кај граѓаните за да се стави крај на ова лудило. Благодарение на таквите луѓе тука имам прилика да ви го преставам девастирањето на шумите во прилепско, со надеж дека надлежните конечно ќе се свестат и ќе и стават крај на оваа пљачка.
За масовното уништува на шумите во овој крај пред извесно време пренесовме еден натпис, но изгледа надлежните сеуште немаат слух за овој проблем, па затоа уште еднаш ќе ги потсетиме за девастирачката сила на дрвокрадците и шумската мафија.
Станува збор за делот на потегот помеѓу Прилеп и Велес каде уништувањето е со особено голема жестина. Доколку се погледнат сателитските анализи за уништувањето на шумите во овој дел, ќе се види за каков обем станува. Во продолжение погледнете ги сликите на намалување на површините под шуми кои се направени врз база на сателитски снимки. На сликите се преставени површините под шуми кои се останати со покривност на крошните до 30%, значи со губиток од 70%.


Приказ на шумски површини на кои е намаленалена покровноста на крошните за 70%  ситуација од 2005 година (извор: globalforestwatch.org)



Приказ на шумски површини на кои е намаленалена покровноста на крошните за 70% ситуација од 2016 година (извор: globalforestwatch.org)

Од сликите јасно може да се забележи степенот на уништување на шумите во овој дел од нашата држава. За споредба е даден период од 2005 година и 2016 година, бидејќи според анализата од таа година почнува помасовно уништување на шумите. Иако два дела кои се особено погодени со девастирачката сила на дрвокрадците и шумската мафија се од прилепскиот дел, а еден поголем е од велешкот дел, според добро упатени ова уништување на шумите всушност е дело на групи кои навлегуваат од прилепскиот дел.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од уништувањето во прилепско, со мала забелешка дека станува збор за фотографии кои се направени кон крајот на летото минатата година (2017 година). Посебна благодарност за фотографиите на колегата дипл.шум.инж. Никола Чоневски.
















Од сликите може да се долови интензитетот на ова системско уништување. Ова не е можно да е незабележано од надлежните органи и да не може да се фатат на дело дрвокрадците. Како што се гледа станува збор буквално за чиста сеча, која е карактеристина на шумските претпријатија. Заради ваквите примери неофицијално според добро упатени извори, тука етатот на нелегалните секачи можно е да е еднаков или поголем од легалните сечи на ЈП “Македонски шуми“.
Ваквиот вид на сеча е особено погубен за дрвата и со него се нанесува двојна штета врз шумите. Не само што се сечат шумите, туку се исклучува и можноста за нивно вегетативно размножување. Дрвата посечени на таа височина ја губат или значително намалуваат ваквата способност за размножување, поради тоа што најголемиот дел и најквалитетните заспани папки се во подножјето на стеблата, односно во зоната на кореновиот врат.
Тоа значи дека баш во буквална смисла ова е уништување на шумите, со кое се сведува на минимум можноста за нејзина обнова. 
Иронично но претходниот генерален директор доаѓаше токму од овој град.

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]