Голем интерес за природни елки за новогодишните празници


Годинава невообичаено зголемена е побарувачката – само што ќе пристигнат веднаш се продаваат. Граѓаните се одлучуваат за природни елки бидејќи ем можат да ги украсуваат, ем да си ги одгледуваат и цената е иста како и на вештачките.
Новогодишните и божиќните празници се на прагот, а елката, било природна или вештачка е еден од препознатливите обележја за овие празници.
Сепак, оваа година има голема побарувачка на природните елки. Вистински елки во разни големини единствено, се уште можат да се најдат на Битпазар. Продавачот на елките ни рече дека годинава има невообичаено голема побарувачка по “живите” елки и дека на залиха имаат уште десетина чија цена се движи од 800 денари за половинаметарските до 2.500 денари за двометарските елки.
Најголеми купувачи на високите природни елки се хотелите, рестораните, како и државни институции кои што имаат големи внатрешни површини.
Екологистите во светот поделени во ставот дали да се користат природни или вештачки елки. Едни им даваат предност на природните елки бидејќи секој хектар земјоделска површина насад со елки апсорбира јаглероден диоксид од 45 луѓе. Други, пак, велат дека и “живите” елки си имаат мани. Тие посочуваат на проблемот со монокултурите (садење само еден вид растение на голема површина).
Инаку, во Германија се купуваат исклучиво вистински елки на кои им даваат имиња, или пак, сами ги сечат во шума. Германците се љубители на био-елките. Во последно време дури се врши и позајмување на елките. Кога празникот ќе заврши, елката повторно се враќа во земја.



Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]