Движење во природа со помош на бусола и азимут


Во услови на намалена и отежната видливост, како на пример ноќе по магла, на едноличен терен, шуми во рамничарски простори и слично, движењето на замјиштето се врши со помош на бусола. За таа цел претходно е потребно претходно да се подготват сите потребни податоци а особено аглите и растојанијата по кои треба да се изврши движењето. Припремата се врши според карта и ги опфаќа следните постапки.
·         на карта се проучува маршрутата за движење и се одредуваат контролни точки,
·   на карта се вцртуваат правците на движење со спојување на почетната, контролните и крајната точка,
·         се мерат растојанијата помеѓу точките,
·   се изработува шема за движење по азимут на која се спојуваат почетната, контролните и крајната точка,
·         се испишуваат пресметаните азимути и растојанија,
·         се дава потребно време за совладување на секој правец посебно,


Вака извршената припрема овозможува да се започне со движењето. Постапката претпоставува:

– одредување на правецот на движењето според зададениот азимут, а тоа се врши на тој начин што на бусолата се завзема дадениот азимут, поклопецот се наведнува околу 60 степени, бусолата се држи во левата рака во висина на очите и со се бусола се вртиме се додека северниот крак од магнетната игла не се поклопи со ознаката на правецот север, кога ќе се смири магнетната игла преку нишанот на бусолата се уочуваат објекти како ориентири со цел за поточно и полесно движење,
– во така одредениот правец започнува движењето
– по стигнувањето на првата контролна точка со обратен азимут се проверува правецот на движење,
– со повторување на постапката како на почетната точка односно на бусолата со вториот зададен азимут, се движи по одредениот правец, со мерење на чекори или време се стигнува до втората контролна точка, се врши контрола со обратен азимут, а потоа движењето продолжува а постапката се повторува.


Во услови кога точките неможе да се догледуваат една со друга контролата се врши и од објекти помеѓу нив.
При движењето по азимут може да се наиде на различни препреки како што се мочуришта, густи грмушки, отсеци и слично. Во такви услови:
– на другата страна на препреката (доколку е можно) се уочува некоја точка (објект) на правецот на движење, се совладува препреката и се стигнува до претходно уочениот објект од каде со обратен азимут се врши контрола на точката од каде што истата била забележана.
– во друг случај совладувањето препрека се врши со заобиколување, така што од точката од која сме стигнале се менува азимутот за 90° и со оди одредено растојание кое е доволно за совладување на препреката, а потоа азимутот пак се променува за 90° но така да се добие првиот азимут на движење, по одредено растојание по трет пат се менува за 90° и се движиме исто растојание како при првото скршнување , потоа се завзема првобитниот азимут.


Од наведеното може да се заклучи дека движењето со помош на бусола и азимут е мошне сигурен начин за решавање на конкретна задача.

             /kineziologija.mk/


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]