Влијанието на дрвјата врз животната средина е големо. Иако ние најчесто садиме дрвја од естетски причини поради разубавување на просторот, подобрување на просторниот амбиент или за искористување на нивната сенка (како природен “чадор за сонце”), сепак со садењето дрвја се овозможуваат голем број придобивки. Од присуството на дрвјата најголем благодет има животната средина преку: намалување на аерозагадувањето, намалување на температурата на почвата, намалување на брзината на ветровите и т.н. Сето тоа позитивно се одразаува и врз квалитетот на животот на човекот.
Во продолжение, ќе можете да се запознаете со некои конкретни примери за тоа како дрвјата влијаат врз подобривање на животната средина:
· Дрвјата ја намалуваат температурата на воздухот. Процесот се одвива со помош на листовите од кои испарува водена пареа (при хемиски процес). Водата која испарува игра значајна улога во намалување на темплературата на воздухот. Таа, буквално како “сунѓер”, ја впива сончевата енергија и далумно ја намалува потенцијалната температура на воздухот.
· Едно дрво може да ја намали температурата на воздухот, што пропорционално одговара на: паралелно дваесетчасовно работење на десет собни клима уреди. Па така, може да ги сметаме за природни “клима уреди”.
· За време на летото, листопадните дрвја ги користат своите лисја за да ја рефлектираат сончевата енергија. На зима тие се баз лисја (нивните лисја одамна паднале), дозволувајќи и на сончевата енергија непречено да ги затоплува ѕидовите на објектите. Најпогодни експозиции за посадување на листопадни дрвја се западните и јужните.
· Тие го спречуваат директното загревање на асфалтните површини кои се наоѓаат под нивната сенка. Како последица се јавува намалена температурна радијација за време на ноќта. Идеалната покриеност со сенка на овие површини се движи околку 50%.
· Зимзелените дрвја имаат својство да ја намалат брзината на ветрот. Ова својство е карактеристично за зимскиот период. Тогаш, тие се однесуваат како природен штит кој не дозволува студениот ветер да ги излади ѕидовите на објектите.
· Тие можат да ја апсорбираат и блокираат бучавата. Добро позиционирано дрво може да ја намали бучавата и до 40%.
· Паднатите листови ја намалуваат температурата на почвата, дополнително тие го спречуваат процесот на губење на влага од неа. Микроорганизмите ги разградуваат паднатите листови до краен производ кој е полн со нутритивни состојки потребни за исхраната на дрвјата (хумус).
· Честиците на: прашина, полен и чад од воздухот се лепат на нивните лисја. На тој начин, тие можат да го намалат нивото на овие честици во воздухот и до 75%.
· Создаваат специфичен екосистем кој овозможува живеалиште и храна за: голем број на птици и други животни.
· Ги апсорбираат штетните гасови како што се: јаглерод диоксид, сулфур диоксид и јаглерод моноксид од воздухот, а за воздрат испуштаат кислород. Едно големо дрво може да произведе: дневно количество кислород потребно за четворица.
· Едно “здраво” дрво, во себе може да складира 5,5 килограми јаглерод годишно или 2,6 тони јаглерод диоксид од површина од 1 акр (1 акр = 4 046 m2).
· Тие ја впиваат дождовната вода. На тој начин допринесуват во забавување на почвената ерозија. Преку лисјата и кореновиот систем го спречуваат инфилтрирањето на потенцијално опасните хемикалии во питките води. Од друга страна тие го зголемуваат нивото на подземни води.
· Температурата во урбаните средини е секогаш повисока од температурата во руралните и селските средини. Таа може да варира и до 9 степени во просек.
· Го намалуваат ефектот на “стаклена градина” и стакленички гасови.
· Создаваат микроклима – услови за живот и егзистенција на локални растенија и животни.
· Роса и иње се појави кои никогаш не може да се забележат под дрво.
ConversionConversion EmoticonEmoticon