Онаму каде што може да застане коњската нога и од какви провалии да извлече дрво, таква машина сеуште човековата рака не направила.
Коњите со самари, кои често извлекуваат и повеќе од 10 метри дрва на ден, не се гледаат баш често во нашите шуми. Но во некои делови од шумата само со самар може да се спуштат дрвата од планините. Тешко им е на луѓето да се качуваат и спуштаат низ ридовите, но на коњите им е многу потешко. Неучени се тие на тоа, велат самарашите.
Велат, тешка е оваа работа, но подобро да се работи одколку да се краде. Дел од нив ја работат ова работа и поради подобрата плата, па “стискаат заби“ и го издржуваат целиот напор. Од ден на ден, без разлика на временските услови, тие ги спуштаат дрвата од околните планини. Заработка има, но тоа е тешка работа. Колку ќе издржат во оваа работа луѓето и коњите, тоа е веќе друга приказна.
ConversionConversion EmoticonEmoticon