Садење на садници



Садниците, без оглед на возраста, големината и видот се садат на тој начин што (по дадениот редослед):

1. Се копа дупка поголема од големината на коренот, односно бусенот на садницата.

1. Доколку има камења или други крупни тврди, односно оштри делови се острануваат.
2. Колку земјата е по каменита толку треба да биде поголема дупката, како би се створила област каде слободно ќе расте коренот.
3. Ако земјата е мека, односно песоклива, за помали садници доволно е да се направи отвор со ашов на тој начин што ќе се збрца во земјата и со движење на рачката нанапред и наназад ќе се формира отвор во земјата.

2. Се поставува садницата со кореновиот врат нешто пониско од површината на земјата.

1. Садницата се држи за стеблото.
2. Просторот помеѓу коренот, односно бусенот и дното на дупката, се исполнува со почва.
3. По можност во дното на дупката, пред да се постави садницата се поставува хумусна почва, односно почва богата со хранливи материи.
4. Садницата се држи исправено.

3. Се затрупува, односно затвара садницата со почва.

1. Садницата се држи исправено.
2. Камења или други крупни тврди, односно оштри предмети не се ставаат при затварањето.
3. Доколку се користат садници со гол корен, потребно е затрупаната садницата да се подигне за 1 до 2 сантиметри, како би се спречило преплетување на коренот (најчеста причина поради која садниците изумираат).
4. Потребно е добро да се набие почвата околу коренот како би се остварил допир помеѓу почвата и коренот, односно не би имало воздух околу коренот.

4. Околу засадената садница се формира подигнат ров, односно ’шлајка’ - дупка т.н. чинија која служи да ја задржи водата околу садницата.

1. По можност чинијата се ’мулчира’ - покрива со остатоци од растителен материјал (во екстремен слулчај со камења) за да се забави испарувањето/губењето на водата од почвата околу садницата.

5. Се полева.

Садниците, односно дупките за садниците се поставуваат на растојание кое зависи од видот на дрвото. Најчесто тоа изнесува од 1 до 2 метри.
При садење на садници на рамен терен доволно е да се следи горното напатствие.
При садење на садници на кос терен потребно е да се изврши подготовка на теренот, односно земјиштето да се израмни колку е можно повеќе. Меѓу опциите за израмнување се: терасирање на земјиштето; браздење по изохипса; формирање на ровови т.н. кордони и сл.
Во случај кога не може да се изврши подготовка на теренот за садење, пред копањето на дупката, на површина од 1 метар квадратен рачно се рамни земјиштето, на тој начин што ископаната земја се поставува на страната на падината. Целта на оваа постапка е да се спречи истекување на водата по падината, односно нејзино заджување во близина на садницата.

При садење на каменит терен, камењата кои ќе се ископаат се отстрануваат и користат за формирање на ров околу садницата за задржување на водата.
На крајот од садењето се јаде бурек со јогурт и се слави добро завршената работа.


 добро завршена работа после ~30 години


 пошумување во кордони

Сликите се од планината Каршијак над Скопје (Водно). Една од многуте пошумени планини во Македонија. 

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]