Шумите во БиХ се преполни со лековити но и отровни билки, па нивното берење и конзумирање често знае да биде катастрофално по здравјето и самиот живот на тие кои не умеат правилно да ги разликуваат.
Тоа го порачуваат експертите од областа на ботаниката по повод најновиот случај на труење на граѓаните со шумски плодови, а кои секоја година однесуваат неколку животи.
Да потсетиме, последното труење се случи во Сараево каде неодамна беа забележани четири случаи на труење, од кои еден со смртен крај, а поради мразовец, исклучително отровно растение кое многу личи на мечкин кромид, кое има лековити својства и кој се користи во исхраната.
Ова растение во 2012 година беше смртоносно за една жена од Горњи Вакуф, а таа година од последици од труење со мразовец во Хрватска умреа две лица, додека повеќе беа затруени.
Билјана Лобурда, професор на отсек по биологија на Природно-математичкиот факултет во Бањалука, вели дека последниот случај со труење на мразовец покажал дека граѓаните никако не смеат да собираат и да конзумираат вакви плодови на своја рака и несигурни во своето знаење.
Како што рече таа, до труење најчесто доаѓа поради исклучителната сличност меѓу отровните и билките што се јадат, кои во нашите шуми ги има многу.
– На пример, имаше големи забуни околу билката раставиќ, која има свои два вида од кои едниот е отровен. Луѓето ја мешаат и линцурата со чемериката, која е добар седатив за срце, но само во помали количини, бидејќи во поголеми количини е отровна – вели таа.
Според неа, во Фоча имаше случаи каде боровинките беа заменувани со отровно кучешко грозје, а тој вид повторно со мечкиното грозје кое е лековито.
– Луѓето користеле и бобинки велебија мислејќи дека се јадат, а тие содржат атропин кој исто така е отровен, а забележани се случаи каде луѓе ги мешале кртолите циклами со тартуфите – рече Лобурда.
Според неа, за секоја набрана билка за која граѓаните не се сигурни, треба да се консултираат со експерти или планинари, кои исто така се добри познавачи на билки.
И експертите од областа на печуркарството порачуваат дека печурките не треба да се јадат ако не постои сто отстотна сигурност во изборот, бидејќи случаите на труење се чести.
– Секоја печурка мора да се познава и мора да се знае нејзиното време на растење, место на виреење и слично. На пролет имаме печурка хрчак, која е отровна и печурка смрчак, која се јаде и многу е квалитетна, а тие можат да ги збунат луѓето кои не знаат многу за печурките – вели Боро Мариќ, претседател на Здружението на печуркари и љубител на природата од Мркоњиќ Град.
Според него, на нашите простори постојат околу 20 видови на печурки што се јадат кои и тие што не се разбираат многу, можат да ги заменат со печурки што не се јадат, додека во шумите се наоѓаат околу 15 видови на многу отровни печурки.
– Во Бања Лука имаше најмногу случаи на труење со црвнеа мухара, која многу потсетува на рујница, која ја викаат и благва. Тие се од ист род и во некои делови се идентични. Имаме и мухари кои се оголени и немаат точки на себе, па некогаш многу потсетуваат на рујница – рече Мариќ.
Независне новине – Бања Лука
ConversionConversion EmoticonEmoticon