Четворица дрвокрадци лишени од слобода


Четворица жители на Прилеп на возраст од 19 до 35 години вчера се фатени како бесправно сечат дабово огревно дрво во месноста викана Црници во атарот на село Степанци. Ги фатила Шумската полиција при вршење на контрола и ги лишила од слобода. Полицијата од нив одзела десет метри дабови дрва, два патнички автомобили, една моторна пила, рачна количка и други предмети. Тие ќе одговараат за нелегална сеча и трговија со дрва и за пустшење на шума, додека одземените дрва, возила и другите предмети се предадени на Шумската полиција заради спроведување на понатамошни дејствија.
Секторот за внатрешни работи во текот ма минатата година спровел повеќе акциски контроли во соработка со Шумската полиција, ЈП Македонски шуми и Министерството за земјоделство. При овие контроли фатени се 28 лица кои ќе одговараат за кражба, злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на исправа и за пустошење на шумите. Против нив СВР Велес поднесе 16 кривични пријави.
„Одземени се вкупно 138 м3 огревно дрво, четири товарни возила, 29 патнички автомобила, 12 моторни пили, и други предмети како рачни пили, трактор, приколки, секири, запрежни возила и друго“, рече портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
За да се спречи оваа појава и да се зачуваат шумите, СВР Велес и годинава ќе спроведува интензивни контроли на целата територија. Покрај ова ќе организира и едукативни работилници за огромното значење на шумите кои во последниве години немилосрдно се уништуваат


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]