На преговорите во Светскиот конференциски центар во Бон, каде земјите преговараа околу текстот на меѓународен договор за климатски промени кој треба да се потпише во Париз.
Најголемите несогласувања беа околу распределбата на финансиски средства за адаптирање и спречување на климатските промени. За време на преговорите се разгледуваше и РЕДЦ + механизот за зачувување на шумите, алатка која би можела да биде од огромно значење и за Македонија.
РЕДД + механизмот е една од алатките за адаптација и спречување на климатските промени преку зачувување на шумите во земјите во развој. Шумите играат важна улога во спречување на климатските промени преку способноста да апсорбираат огромни количини јаглерод диоксид.
Механизмот ја отвора можноста наместо да се уништи шумата со градежни активности, нафтени платформи или други проекти кои би значеле сеча на дрвјата- некоја од развиените земји да ја купи шумата и правата на управување со неа. Земјата во развој ги добива финансиските средства кои и требаат. а развиената земја добива пошумена површина и карбонски бодови. На овој начин шумата останува недопрена и продолжува да ја врши својата важна функција во спречување на глобалното затоплување.
Македонија е дел од земјите во развој со највисоки емисии на стакленички гасови
Македонија отсекогаш била земја која изобилува со природни богатства. За тоа говори и фактот дека шумите зафаќаат дури една третина од површината на земјата, со што Македонија влегува во редот на средно пошумени земји.
Буката претставува најраспространет и најзначаен вид на дрво. Според податоците од последниот попис на шумите во Македонија (1979): буката зафаќа вкупна површина од околу 270 000 хектари: што е близу 30% од сите шуми. Од таа површина околу 220 000 хектари или 81,5% се чисти насади од бука.
Буковите шуми имаат голема улога во производството на кислород, заштитата на почвата од ерозија, намалувањето на температурните екстреми: одржувањето на поволен воден режим во природата и големи рекреациони и туристички можности.
Токму Македонија е дел од земјите во развој со највисоки емисии на стакленички гасови и во исто време една од земјите со највисок степен на дефорестација во регионот.
Над 80% од емисиите на стакленички гасови доаѓаат од термоелектраните на јаглен, додека остатокот односно 20% од дефорестацијата во земјата.
Незаконска сеча на шумите во Македонија е сериозен проблем, како и сеча која се врши под капата на корумпирани институции, меѓутоа се почесто големи површини на шуми се уништуваат со градежни активности на масовни проекти во името на економски интереси.
Планината Галичица е една од локациите каде расте бујна букова и дабова шума. И двете листопадни дрвја со огромен капацитет за производство на кислород и намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата. Во моментов во националниот парк Галичица се планирани неколку капитални објекти. Градежните активности за ски центарот и експресниот пат A3 Охрид-Пештани и Пештани-Р Албанија ќе уништат 84 хектари шума македонски даб кој е Балкански ендемски вид и неповратно ќе уништат ендемични и заштитени животински и растителни видови дел од биодиверзитетот на Охридското Езеро.
„Co уништувањето на шумите настануваат еколошки промени со големи последици, пред се климатски промени, промени на земјиштето и климата и исчезнување на некои видови животни. Свесни за ова, некои побогати земји ги намалуваат овие последици со воведување на концепт за одржливо стопанисување со шумите, со намалување на непланските сечи, зголемување на степенот на шумовитост и други мерки во согласност со постојните ресурси и потенцијали."
Токму затоа изненадувачки е што токму овој пасус стои испишан на официјалната веб страна на ЈП Македонски Шуми, институција чија задача е одговорно и одржливо стопанисување со шумите во земјата, a сепак се дозволува масовна деградација на цели шумски заедници.
Додека Норвешка и останатите земји во развој се во потрага по пошумени подрачја насекаде во светот, кои би ги купиле за да си препишат карбонски бодови во намалување на националните глобалните емисии на стакленички гасови: Македонија која веќе ги поседува овие огромни пространства шуми и чиј капаците за намалување на емисиите од стакленички гасови би можела да го искористи како личен придонес во намалување на стакленичките гасови , не го прави тоа.
Наместо тоа, државата предвидува пораст на емисииите на земјата до 2030 и изградба на неодржливи објекти на сега густо пошумени подрачја. Можеби е време сите права кои ги имаме врз шумите во државата да ги отстапиме на држава која ја знае нивната вистинска цена и значење.
Извор:
http://emagazin.mk/vesti/vest/14259?title=so-prodazhba-na-shumite-vo-makedonija-do-nivna-zashtita-
ConversionConversion EmoticonEmoticon