Португалија во национална жалост за жртвите од шумските пожари



Шумските пожарите се голема опасност по шумите, но и по животите на луѓето и по нивните материјални добра. Секоја година шумските пожари ширум светот земаат голем број на човечки животи.
Поради тоа Португалија од денеска е во тридневна национална жалост поради загинатите во шумските пожари во таа држава. Потврдена е смртта на 36 луѓе, а во пожарите беа повредени и 63 лица, од кои 16 потешко.
Околу 3600 пожарникари се обидуваат да ги совладаат петнаесетте се уште активни пожари во централните и северните делови на државата.
Во средината на јуни, во централниот дел на Португалија, во местото Педрогау Гранде изби голем шумски пожар. Тогаш, 64 лица загинаа, а 250 беа повредени.  

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]