Бесправните сечи и нелегална продажба на дрво - голема опасност за шумите во Македонија




Врз основа на податоците со кои располага ЈП Македонски шуми, дрвокрадството, бесправните сечи и други злоупотреби во шума, се болна точка на работата на ЈП. Направени се многу напори за спречување или барем, намалување на овие немили појави. ЈП Македонски шуми стопанисува со државните шуми и се грижи за нивната заштита од несакани дејствија Шумочуварската служба која постои во ЈПМШ со околу 300 лиценцирани шумари, но конкретната надлежност за оваа проблематика ја има Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Сектор за шумарство и ловство, во рамките на кои постои Шумска полиција. Шумската полиција е надлежна за спречување на овие појави, присуство на теренот и постапување при појава на злоупотреба во шума, во координација со останатите субјекти на МВР (Погранична полиција, Редовна полиција), и поднесување на прекршочни пријави до надлежните судови кои понатаму ја спроведуваат постапката. Значи, вработените во ЈП Македонски шуми ја следат состојбата во шумите при извршување на редовните активности и пред се тие ги пријавуваат на Шумска полиција која ги врши своите надлежности.
По години
Поднесени кривични пријави (број)
Поднесени прекршочни пријави (број)
Вкупно пријави (број)
Одземена дрвна маса (m³)
Откриени нарушувања од непознат сторител
Процена на бесправно посечена дрвна маса (m³)
2011
753
2582
3335
1833,48
10031
6180,61
2012
842
3249
4088
511
13551
12555
2013
267
1363
1630
368,63
16239
35985,7
2014 до 31.05.
43
275
318
9,85
7488
12441,87
Вкупно
1905
7469
9371
2722,96
47309
67163,18

Што се однесува на бројот на регистрирани случаи во 2013 и 2014 година, тој е незначително намален, благодарение на поострувањето на законските прописи и можноста за кривично гонење на прекршителите, како и зголемените парични казни, одземањето на возилата и бесправно посечената дрвна маса. Но и покрај тоа, што се покажа и при неодамнешната акција на МВР за контрола на дрвната маса во складовите низ државата, постојат региони во државата кои тешко се контролираат. Дали се работи за организирани акции ние не можеме да кажеме затоа што не е во наша надлежност, но секако дека главната цел на секој шумар да се грижи за своето работно окружување, а тоа е шумата и да постапува како секој совесен граѓанин.
Токму во совеста на граѓаните и свеста за значењето на шумите, е клучното прашање на кое треба да се работи. Заедно со ефикасното санкционирање и спроведување на законските мерки, тоа се најважните фактори за спречување на злоупотребите на шумата. Според податоците на Секторот за одгледување, заштита на шумите, екологија и лов, ситуацијата не е толку драматична, но треба да се има предвид дека овие податоци се само од Шумочуварската служба на ЈП Македонски шуми. Фактичката состојба за оваа појава е всушност тешко согледлива и има поголеми размери.
Во текот на месец јуни, 2014 година и МВР, во соработка со други релевантни институции направи акција низ целата држава за утврдување на фактичката состојба со бесправната продажба на дрво.
Полициска акција за нелегална сеча и продажба на огревно дрво се одвива низ цела Македонија. Во повеќе складишта за дрва во Тетово се извршила контрола, каде било забележливо големо присуство на специјални единици. Контролата се вршела од 10 до 15 часот во близина на стариот градскиот стадион каде биле стационирани повеќе продавачи кои имаат складирано огревни дрва. Според она што можело да се забележи на самото место контролата ја вршеле инспектори на управата за јавни приходи како и на други инспекциски служи, претставници на ЈП Македонски шуми со асистенција на специјалците на полицијата.
Ниту една од институциите немала подетални податоци за акцијата. Од Министерството за внатрешни работи кусо соопштиле дека акцијата била спроведена низ цела Македонија, а со цел за откривање на нелегална сеча и продажба на огревно дрво и дека биле во координација со УЈП.
827 полициски службеници, 110 инспектори од Управата за јавни приходи, 78 инспектори од Државниот пазарен инспекторат, 25 припадници на Државниот инспектори за шумарство и ловство, припадници од Трудова инспекција и Шумската полиција биле вклучени во потрагаа по дрвокрадци на целата територија на Република Македонија.
Во досега невидената акција се затворени 22 објекти и се одземени 331,8 метри кубни нежигосано огревно дрво, четири камиони и еден автомобил.
Според податоците на МВР велат дека биле проверени 241 објекти каде што се вршело продажба на огревно дрво и притоа било откриено дека во 59 објекти дека се вршело готовинско плаќање, па фирмите биле казнети со глоби од по 3.250 евра, односно сите казнети фирми требало да платат вкупно 191.750 евра.
Љута Изаим кој тргува со огревно дрво во складиштето до стариот стадион во Тетово, изјавил дека во акциската контрола е казнет со 3.200 евра, поради неиздадени фискални сметки. Тврдел дека последните денови немал продажба поради што и фискалниот апарат не му бил вклучен. Бил револтиран што голем број трговци со дрва за разлика од него немаат ниту регистрирано фирма, а надлежните не можат да ги пронајдат ниту да ги казнат, па сега се на удар законски регистрираните. И при оваа акција, откако голем број нелегални трговци со дрва разбрале, избегале, па надлежните како и многу пати до тогаш не успеале да ги санкционираат.
Изаими смета дека во оваа акција на полицијата немало потреба од големо присуство на полициски специјалци.

Извор: Наши шуми
Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]