Кога грејната сезона е веќе започната, оние што одлучиле да се греат на дрва се веќе подготвени и снабдени со огревно дрво уште пред неколку месеца. Но дали пред да ги купите дрвата сте се запрашале колкава е топлинската/калорична вредност на дрвото кое што ќе ве грее цела зима? Доста познато е дека некои видови на дрва имаат поголема калорична вредност од другите. Но битен сегмент на кој треба да се внимава е влажноста на самите дрва. Дрва кои имаат поголема влажност во себе немаат иста калорична вредност како сувите дрва, иако се од ист тип. Исто така големо влијание на топлинската вредност има и смолата која се собира на дрвото.
Како и да е дрвото кое што се користи за огрев во домовите, не треба да содржи повеќе од 25 % влага во него. Секое дрво со поголем процент на влага придонесува за пад на темпетатурата, односно му се намалува неговата топлинска моќ а воедно со тоа се предизвикува и поголема количина на чад, со што е можно и негово оштетување. Значи со користењето на влажни дрва, опаѓа топлотната моќ на дрвото, а со тоа и самото производство на топлина во просторот.
Како што кажавме, основните карактеристики на дрвото како енергент се : топлинската вредност, количество на пепел како и негова структура, влажност и тн. Во приложената табела се прикажани калоричните вредности на различни видови на дрво :
Вид на дрво | Топлотна моќ (MJ/KG) | Густина (KG/m3) | ||
Дрво | Кора | Дрво | Кора | |
Бука | 18,82 | 18,00 | 680 | 580 |
Даб | 18,36 | 19,70 | 650 | 425 |
Топола | 17,26 | 18,00 | 410 | 412 |
Смрека | 19,66 | 21,20 | 430 | 340 |
Елка | 19,46 | 21,00 | 410 | 460 |
Бор | 21,21 | 20,62 | 580 | 300 |
Топлинската моќ на различни видови на дрва се разликува. Тоа зависи и од самата структура на дрвото, поточно зависи од учеството на поедини компоненти во самото дрво. Како што можеме да забележиме четинарите имаат поголема топлинска моќ поради поголемо количество на смола во дрвото.
Кажавме дека влагата влијае многу за топлинската вредност. Свежо исечените и складирани дрва може да содржат и до 50 % влажност, што во превод значи дека нивната топлинска моќ е многу послаба. Се пресметува дека огревното дрво е доволно суво дури по 1 до 2 години од складирањето (во зависност од тоа за кое дрво се работи).
Ова во превод би значело дека оваа година го купуваме дрвото за огрев а со него се грееме дури следната година. Препорачливо е дрвата да се сечат на помали парчиња со што доаѓа до нивно побрзо сушење.
Без разлика со кое дрво ќе се греете, вистинските енергетски ефекти се секогаш помали од енергетските потенцијали на дрвото. На ова влијаат факторите кои ги набројавме претходно во текстот но и котелот кој се користи за согорување на истите. На пример Bosch котелот на цврсто гориво е многу поефикасен од сите останати котли на пазарот, и со своите три вертикални промаи се зголемува искористеноста на дрвото за дури 30%. Ова во превод значи дека доколку една грејна сезона трошите околу 10 метри кубни дрва, со Bosch котелот вие ќе потрошите 7 и.т.н.
ConversionConversion EmoticonEmoticon