Директор и референт во ЈП „Македонски шуми“ со измама се обиделе да продадат огревно дрво




Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела, измамување на купувачи”, продолжено казнено дело „фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од струшкото село Велешта како и против едно 53-годишно лице од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
- Во текот на оваа година, пријавениот од Велешта во својство на директор на правен субјект ДООЕЛ од Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот вработен референт во ЈП „Македонски шуми-Јабланица“ побарал да им постави службени ознаки–жиг, со цел дрвната маса заедно со друга што ја поседувал (вкупно 45 метри просторни), лажно да ги прикаже дека потекнуваат од државна шума. Потоа, директорот изготвил деловна испратница во која внел лажни податоци и таа исправа со невистинита содржина ја заверил со службен печат и потпис, а потоа ја пуштил во правен сообраќај. На истиот начин, пријавениот со помош на сега пријавениот референт во ЈП „Македонски шуми“, изготвил уште три деловни испратници за вкупно 128 метри просторни огревно дрво, во кои внесол лажни податоци, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со таквите дејствија на извршување, на пријавениот му била овозможена противправна корист во износ од 307.200 денари.

Извор: OhridNews

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]