Ботаничка апликации за шумарите т.н. "Shazam за растенијата“



На пазарот за мобилни апликации се појавија апликации со кои конечно завршуваат вашите недоумици во врска со идентификацијата на дрвните видови и растенијата. Овие три апликации практично се опишани како Shazam за растенија и значително ќе ви го педностават животот. Тие се наменети не само за шумарите, туку и за сите вљубеници во природата, кои при своите прошетки ќе можат лесно и брзо да ги идентификуваат дрвните и растителните видови.
Мобилните апликации достапни се на двата оперативни системa iOS и Android и се базираат на истиот принцип, но се со малку различна технологија и интерфејс.
Првата апликација Leafsnap е создадена од страна на универзитетски истражувачи, втората мобилна апликација Pl@ntNet е особено погодна за истражување на растенија на европското тло, додека треата апликација Plantifer се поврзува со податоците од сајтот mygarden.org.
За нас најпогодна е втората апликација Pl@ntNet која се однесува на нашите растителни видови.
Оваа мобилна апликација функционира на следниов начин: го фотографирате растението кое не ви е познато, потоа ја прикачувате сликата. Потоа алгоритмот преку пребарувачот на Гугл пронаоѓа слични фотографии. Откако апликацијата ќе собере доволно податоци за споредба, на корисникот му го кажува името, односно видот на растението.

Оваа мобилна апликација досега има каталогизирано над 6.000 различни растенија само во Западна Европа,  но и голем број на флора од северно Американскиот континент, Канада, како и од Северна Африка. Интересно е тоа што самата апликација овозможува самите корисници да ја надоградуваат баата на податоци, со тоа што  тие можат да додаваат фотки и да ги обележуваат со точниот назив, што значи дека и вие може да земете учество во нејзиното секојдневно подобрување и да ја правите попогодна за нашите услови.
Очигледно станува збор за многу интересна и корисна апликација за шумарите, особено за студентите на шумарскиот факултет. Конечно може да се спремате за колоквиумот и испитот по ботаника и дендрологија на раат, без притоа да носите со себе еден куп на книги. Исто така и сите вљубеници во природата сега лесно можат да го дознаат името на она убаво цвеќе кое секојдневно го одминуваат и му се восхитуваат.
Може да се каже дека ова е една од оние апликации кои ви го олеснуваат животот и ги прават мобилните уреди покорисни :)


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]