УСТАВНИОТ СУД: Неуставен начин на пресметка на платите во „Македонски шуми“ ПО – Скопје

Уставниот суд го укина членот 51 став 1 од Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ ПО - Скопје, склучен меѓу Синдикатот на работниците од шумарството и дрвната индустрија на Република Македонија и Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“, од 2006 година.

Уставниот суд смета  дека членот 51 став 1 од Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ ПО – Скопје, не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и одредбите од Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.
„Судот утврди дека во член 51 став 1, делот „1.1. Основна плата“ од Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ ПО – Скопје е утврдено дека основната плата за одделни работни места се определува така што најниската плата се множи со вкупниот коефициент, при што се добива бодна ставка за секое работно место, која е утврдена во органограмот Аналитичка проценка од Правилникот за внатрешна организација, систематизација и исплата на плати на ЈП „Македонски шуми“, се вели во Одлуката.
„Сметано од наведениот датум Правилникот за внатрешна организација, систематизација на работните места и исплата на плати при ЈП „Македонски шуми“ ПО – Скопје, донесен во 1998 година, на кој се повикува оспорениот член 51 од Колективниот договор, повеќе не е дел од правниот поредок. Оттаму, престанокот на важење на оспорениот правилник и новиот концепт на утврдување на платите според одредбите од Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, наспроти она што е уредено во членот 51 став 1 од Колективниот договор, доведува до несогласност на оспорената одредба од Колективниот договор со Уставот и со одредбите од наведените закони. Ова од причина што упатувањето во оспорениот член 51 став 1 од Колективниот договор на бодна ставка, за секое работно место утврдена во органограмот Аналитичка проценка од Правилникот за внатрешна организација, систематизација и исплата на плати на ЈП „Македонски шуми“ претставува упатување на непостоечки акт, што доведува до правна несигурност или, пак, до правна забуна во примената, што е во спротивност со владеењето на правото, како темелна вредност од членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. Исто така, сегашниот модел на утврдување на платите не познава пресметка на платите според коефициенти, како што е предвидено во членот 51 став 1 од Колективниот договор, од каде произлегува дека оваа одредба не е усогласена со начинот на пресметка на платите во наведените, актуелни законски одредби“, се вели во Одлуката на Судот.

Извор:


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]