Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица



Високо издигнат над градот Струмица и Струмичката котлина се наоѓа локалитетот Чам Чифлик.  Првично со решение на Националниот институт за заштита на спомениците на културата, шумата од црн бор во локалитетот Чам Чифлик е прогласена за специјален резерват. Сега локалитетот се наоѓа во категоријата Парк на природата заедно со локалитети како Катлановски предел и Езерани.
Специфичните карактеристики на растителниот свет, како и вредностите на просторот проткаени со геолошки форми, се елементи кои ја прават една од позначајните шумски заедници - термофилната заедница од црн бор. Црниот бор во месноста Чам Чифлик е подвид на кримскиот бор.  Овој вид бор кој е со широко развиена крошна, дебели гранки и крупни лисја е шумско дрво на приморската област во Мала Азија. Во нашата земја се среќава и во околината на Гевгелија.
На десната страна од патот што води од Струмица кон локалитетот, на рамнината која е на 510 метри надморска височина, сé до 1913 година постоело селото чие име било како и името на месноста - Чам Чифлик. Денес, само остатоците од некогашното село сведочат дека постоело.
Освен природни, Чам Чифлик има и историско-археолошки вредности. Во негова непосредна близина се наоѓаат археолошкиот локалитет Цареви Кули. Тоа се низа на утврдување и воени објекти користени за потребите на Самоиловото Царство.
До локалитетот Чам Чифлик може лесно да се стигне по тесен локален пат. На патот се наоѓа ново изградениот угостителски објект Цареви Кули како и Споменик во чест на АСНОМ. Низ овој регион се поставени неколку планинарски патеки кои водат во различни правци кон струмичката котлина и кон правец на акумулацијата Водоча. Управувач на ова заштитено подрачје е општина Струмица. Иако околу има означени планинарски патеки, недостасуваат едукативни табли како и ознаки на локалниот пат за правецот и точната локација на заштитеното подрачје.


Локалитет Чам Чифлик


Поглед спрема Струмичката Котлина


Дел од шумата со црн бор


Археолошки локалитет Цареви Кули


Археолошка локалитет Цареви Кули



Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]