Оваа година нашата држава беше поштедена од големи шумски пори, како оние кои во изминатите години причинија големи штети врз шумскиот фонд и го отежнуваа извршувањето на тековните работи на ЈП “Македонски шуми“.
Како потсетување дека секогаш треба да сме подготвени да реагираме навремено е шумскиот пожар кој во текот на вчерашниот ден во Делчевско, при што горела борова и дабова шума, како и нискостеблеста трева. За среќа повредени нема, туку е причинети само материјална штета.
Според информации од МВР, првиот пожар избувнал вчера околу 11 часот кај месноста “Цветков чукар“ во близина на делчевското село Нов Истевник. Со овој шумски пожар била опфатена околу 5-6 хектари нискостеблеста дабова и борова шума. На местото веднаш излегле екипи од Шумското стопанство „Голак“-Делчево и територијалната противпожарна единица Делчево, кои го локализирале пожарот околу 15:20 часот.
Вториот пожар во Полициската станица во Штип од вработен во Територијалната противпожарна единица Штип бил пријавен вчера околу 13 часот.
По локализирњето увид на местото извршиле екипи од Полициската станица Делчево и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување.
ConversionConversion EmoticonEmoticon