По се изгледа локалните власти се решени да ги превземат работите во свои раце и да го сопрат уништувањет она шумите. Па така, врз основа на поплаките на своите граѓани за сечење на дрва на недозволени места и оштетување на планината и животната средина, општината побара од МВР да интервенира и навреме да се прекине масакрот на планината.
Ова би требало да биде сериозен сигнал и за институциите и јавните претпријатија кои се надлежни за чување на шумите посериозно да си ја сфатат работата, бидејќи се повеќе се интензивира револтот и незадоволството помеѓу граѓаните поради масовното уништување на шумите и експанзијата на шумскиот криминал.
Покрај тоа големиот степен на уништивање на државните шуми може да остави впечаток за јавното претпријатие кое е задолжено да се грижи за државните шуми и шумски фонд, како и преку одржливо стопанисување да ги снабдува граѓаните со огревно дрво, дека не е способно да ја извршува функцијата за која е формирано. Таквата состојба би можело да биде причина да се иницира процес на негово цепкање преку прогласување на голем број на шуми како заштитени подрачја и одземање на неговите ингеренции врз тие подрачја.
ConversionConversion EmoticonEmoticon