Јабланица – нов национален парк? – повеќе од потреба!


Јабланица – нов национален парк


Природното богатство на Република Македонија во годините наназад било и институционално дефинирано, преку прогласување на заштитени зони, објекти и сл.
Денес, покрај трите национални паркови – Маврово, Галичица и Пелистер, и други предели во државата со своите природни убавини и богатство од флора и фауна, испреплетена со најразлични геоморфолошки форми, отвораат можности за прогласување на нови заштитени подрачја. Шар Планина, Јакупица, Осогово, Малешевијата, Мариово, … но, и планината Јабланица.
Забрзаниот процес на деградација на животната средина и уништувањето на природното богатство, ги натера екологистите да излезат со предлог: Планината Јабланица да се прогласи за нов национален парк. Само на тој начин државата ќе може да ги заштити ретките природни богатства од неконтролираното искористување и уништување.
Пустошењето и сечењето на шумата, што е законски надозволиво, е закана од ерозија на земјиштето на планината, а  тоа е аргумент плус, зошто државата треба да поведе грижа и да стави крај на ваквата анархија.
За таа цел, екологистите за да можат да ја изреализираат својата замисла, за прогласување на планината за национален парк и негова трајна заштита, формираа иницијативен одбор.
Познато е дека Јабланица ја делат двете соседни држави и од албанската страна Националниот Парк ”Шебеник” – Јабланица има голема посетеност, па доколку, и од нашата страна Јабланица биде прогласена за национален парк, туристите ќе можат да уживаат во убавините со кои изобилува.



Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]