Шумските пожари се голема закана за нашите шуми, бидејќи секоја година уништуваат значителна површина под шумска вегетација. Како резултат на климатските промени, нашата држава последните години особено е загрозема од деструктивната сила на шумските пожари, па затоа неопходно е надлежните да превземат одлучни чекори подигање свеста кај граѓаните и за зајакнување на капацитети за справување со оваа елементарна непогода.
Со цел превентивно делување пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари и зголемување на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари, ЈП “Македонски шуми“ заедно со Противпожарниот сојуз на Македонија, на 18.06.2018 година (понеделник), во Скопје на Плоштад “Македонија“ со почеток во 11 часот ќе организираат јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”.
На настанот ќе присуствуваат претставници на ЈП “Македонски шуми“ на чело со помошник директорот на Секторот за заштита на шумите, Николчо Киров, како и претставници на ППСМ и претстедателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, проф-др Никола Николов од Шумарскиот факултет – Скопје и претставници на Противпожарниот сојуз на град Скопје..
На овој настан покрај непосредната средба со граѓаните и директен контакт со нив за значењето на зачувување на еко-системот во природата, ќе бидат делени рекламни материјали со пригодна содржина.
ЈП “Македонски шуми“ и Потивпожарен сојуз на Македонија ги покануваат граѓаните да ја поддржат оваа кампања и да присуствуваат на овој настан на плоштадот “Македонија“ во понеделник (18.06.2018 година) во 11 часот.
ConversionConversion EmoticonEmoticon