ЈП “Македонски шуми“ вработува “клатач на врата и земач на плата“ за 33.600 денари месечно


Мислите дека е шала, е не е ....
ЈП “Македонски шуми“ распиша оглас за вработнување на советник за одржување на опрема и возила на советникот (помошникот Директор) за механизација. По се изгледа дека во ова “успешно“ јавно претпријатие, потребен е вработен за да советува дали штрафот треба да се одврти го звездест или рачваст клуч – што би рекли кумановци – луд ј..е збуњеног.  
Во продолжение можете да го прочитате огласот за после тоа да конкурирате и да си ја пробате среќата и покрај тоа што нешто ми изгледа како да е веќе одлучен изборот иако фалат само уште иницијалите на избраникот како потребен услов за вработување.


Врз основа на член 37 и од Законот за јавните претпријатија (Сл. Весник на Р. М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015, и 39/2016) и член 20 г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. Весник на Р. М. бр. 27/2014, 199/2014 и 27/2016) ЈП "Македонски шуми" - Скопје, објавува


ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2018
За засновање на работен однос на неопределено време
Во Дирекцијата на ЈП „Македонски шуми" Скопје;

Едно (1) лице на работно место Советник на директорот за одржување на опрема и возила со шифра КДР0305А0104

Општи услови
Да е државјанин на Република Македонија;
Да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место;
Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

Посебни услови
Со степен на образование ВСС или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
Вид на образование Шумарски факултет - шумарство и хортикултура, Економски факултет
Работно искуство најмалку четири години во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката и од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор;
Активно познавање на компјутерски програми и канцелариско работење;
Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30; Неделно работно време 40 часа од понеделник до петок;

Основна нето плата 33.600,00 денари.

Предвиденото вработување согласно годишниот план на институцијата е за Македонец (ка).

Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
Уверение за државјанство
Доказ за завршено образование
Доказ за работно искуство
Доказ за општа здравствена способност за соодветното работно место
Потврда за познавање на компјутерски програми и канцелариско работење
Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП "Македонски шуми" Скопје на ул. Перо Наков" бр.128, 1000 Скопје.

Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 01.06.2018 година, a изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

ЈП" Македонски шуми" - Скопје

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]