Јоргованот украс на дворовите и симбол на љубовта



Подрачјето на кое се наоѓа нашата држава се карактеризира со голема разноликост на растителни видови. Голем дел од нив поседуваат големи декоративни својства, поради што населението одсекогаш ги користело за украсување на дворовите. Со текот на годините народот почнал да им дава разни симболики, така што денес голем дел од овие растенија се дел од фолклорот на нашиот народ.
Едно од оние растенија кои обично ги преживуваат сите епохи и стилови е старинскиот вечен јоргован. Уште од многу одамна јоргованот се користел за чистење на домот од зли духови, за благослов и внесување на позитивна енергија во куќата.
Според грчката легенда, Пан, богот на шумата ја сретнал нимфата Сиринг, па тргнал по неа, убавата нимфа се исплашила па сакајќи да се скрие од него се претворила во мирисно дрво – цвет кој денес се нарекува Јоргован.
Помеѓу цевеќето, Јоргованот има своја посебна симболика.
Симболизира вистинска љубов, а белиот јоргован пак симболизира младалачка невиност.

Белиот Јоргованот симболизира збогување и тага во љубовта. Според народните верувања се вели дека лилаковиот јоргован, побелел откако некој го оставил на гробот на девојка која се самоубила поради љубовта.
Одамна јоргованот се користи за внесување на позитивна енергија во домот, а симболизира и радост.

Орежете го јоргованот после цветањето

На мирисливи и преубави цветови на јоргованот им се радуваме во месец април, а чим заврши сезоната на цветање треба да се мисли и на неговата иднина. Во голема мерка, орежувањето зависи од нас самите, од тоа дали ни покрива некој убав или грд поглед, дали би сакале да ја намалиме површината која прави сенка и да засадиме уште некое цвеќе во близината.

Меѓутоа, треба да се има во предвид дека орежувањето и е благопријатно и на самата билка, бидејќи како што поминуваат годините, кај т.н. “дупли“ јоргован се смалуваат цветовите, а и се намалува бројот на цветови на стеблото. Најмногу цветови се отвораат на гранките кои не е постари од пет до шест години.
Исто така треба да се провери дали има нови изданоци покрај самиот корен на билката, бидејќи тие непотребно ја трошат силата. Овие изданоци треба да се одстранат се до земја, а во стеблото да се остави доволно растојание помеѓу поголемите гранки за да уживат во еднакви количини на светлост. Ако вашиот јоргован не е орежуван подолго време, не се двоумете – ќе му годи радикална резидба. Сезоната на резидба се отвара чи, прецветаат и последните мирисливи цветови. Прецветаните цветови исто така треба да се одстранат и тоа со рез во самата основа.

Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]