За прекувремена работа исплатени 200 илјади евра на вработени во шумска полиција и Министерство за земјоделство


За година и половина, Министерството за земјоделство, за прекувремена работа на вработените им исплатило близу 200.000 евра.  Вработените кои добиле пари за прекувремена работа, пријавиле дека дека одработиле 80 илјади дополнителни саати.
Ако во година има 8.760 часа, според пресметките излегува дека вработените од Министерсвото за земјоделство и шумската полиција, за година и половина пријавиле дополнителни работи часови, како да работеле девет години.
Според податоците на телевизија 24, обезбедени со Законот за пристап до информации од јавен карактер, во 2016 на 551 вработен, во кои влегува и шумската полиција, исплатена е сума од 120 илјади евра а пријавени се 49 илјади одработени часови. До јуни 2017 година пак, на 553 вработени, исплатена е сума од 75 илјади евра  а пријавенни биле 31 илјада прекувремени работни часови.  
Законот дозволува, секој вработен да може да одработи најмногу 190 дополнителни работи часови во текот на една година. Но, листата што ја доби телевизија 24, покажува дека некои од вработените го надминале дури и законскиот лимит, за неколку часа. Сепак, оние што пријавиле најмогу работни саати – не значи и дека добиле најмогу пари, бидејќи дополнителните часови – различно се плаќале. Па така, во 2016 година за 190 одработени часови едни земале и до 57 илјади денари. Додека други за истите пријавени саати наплатиле сума од околу 28 илјади денари.  
Најмногу исплатени надоместоци за 2016 година:
Даниела Иротова Лазарева: 190 часа / 57,521 денари 
Горан Сигеров: 190 часа / 52,862 денари
Соња Апостоловска: 190 часа / 46,086 денари 
Фросина Тончевска Симовска: 190 часа / 44,945 денари
Гоце Ангеловски: 190 часа / 43,249 денари 
Мирче Нешовски: 190 часа / 43,078 денари
Соња Трајкова: 190 часа / 42,539 денари 
Андријана Велевска: 190 часа / 41,984 денари 
Крсте Ташев: 184 часа / 41,840 денари 
Коста Дурланов: 158 часа / 38,122

Најмногу пријавени прекувремени часови 2016 година:
Васко Ѓоревски 192 часа / 28.150 денари
Сулејман Абдураими 192 часа / 28.150 денари
Никола Божиновски 192 часа / 28.150 денари
Добривое Петревски 192 часа / 28.150 денари
Симе Димоски: 192 часа / 28.150 денари
Никола Блажески: 192 часа / 28.150 денари
Илија Данаилоски: 192 часа / 28.150 денари
Љупчо Младенов: 192 часа / 28.150 денари
Александар Ангелков: 192 часа/ 28.150 денари
Гечо Пешов: 192 часа / 28.150 денари

И во 2017 година – најчесто истите луѓе, како и во 2016 година се на листата кои имаат пријавено дополнителни работни саати. И тука, истата ситуација, дополнителните часови различно се вреднувале. Најголемата исплатена сума повторно е за истата чиност како и во претходната година, која добила 35 илјади денари за 126 дополнителни работни часа, додека пак личноста што пријавила најмногу одработени часови, односно 184 , и тоа само до половината на годината одработела 184 дополнителни работни саати и се исплатени 21 денари.
Најмногу исплатени надоместоци 2017 година:
Даниела Иротова Лазарева  126 часа / 35,860 денари 
Андријана Велевска  160 часа / 34,578 денари
Розета Симонова 170 часа / 32,346 денари 
Јашка Ибраим 160 часа / 30,455 денари 
Јагода Костовска 160 часа / 30,455 денари
Биљана Георгиевска Бурагев 160 часа / 30,455 денари 
Соња Апостоловска 128 часа / 30,119 денари 
Сашка Јовановска Вукелиќ 153 часа / 29,152 денари 
Соња Трајкова 133  часа / 29,015.00
Горан Сигеров 105 часа / 28,507.00

Најмногу пријавени часови прекувремена работа 2017 година:
Татјана Ѓорѓиевска Ковачевска: 184 часа / 21,769 денари
Розета Симонова: 170 часа / 32,346 денари
Елисавета Јовановска: 160 часа / 18,745 денари
Сенафете Рамадани: 160 часа / 25,391. Денари
Јашка Ибраим: 160 часа / 30,455 денари
Ѓорѓи Драгоманов: 160 часа / 18,745 денари
Ајиша Дрпљанин: 160 часа / 18,745 денари
Новица Панев: 160 часа / 18,745 денари
Андријана Велевска: 160 часа / 34,578 денари
Александар Димитровски: 160 часа / 25,391 денари

Барањата за дополнителна работа најчесто биле потпишани од поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков. А дел од раководителот на секторот за шумска полиција Ејуп Јахја.  И самиот Јахја, пријавил дека одработел 190 часа прекувремени за што земал 36 илјади денари. А во 2017 година, само до јуни пријавил 108 дополнителни работни саати и добил  нешто повеќе од 20 илјади денари.

Ејуп Јахја – поранешен раководител на шумска полиција

2016 година
Пријавени 190 прекувремени часа / Надоместок 36 илјади денари

2017 година
Пријавени 108 прекувремени часа / Надоместок 21 илјада денари


Извор: /24vesti.mk/


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]