Владата ќе прави шумски катастар



Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги исплати ненамирените обврски од програмата за проширена репродукција на шумите за 2016 година кон сопствениците на приватни шуми. Станува збор за исплата на 21 илјада евра за пошумување сопственото земјиште со вкупна површина од 21,54 хектар на 16 лица. Со програмата за 2016 година беа обезбедени околу 25 илјади евра за пошумување 25 хектари земјиште во приватна сопственост за што конкурираа 17 лица, но само едно лице не ја реализира мерката.
Исто така, со програмата за годинава се предвидува мерка за пошумување на земјиште во приватна сопственост на површина од 20,13 хектари за што се обезбедени средства од буџетот на Македонија во вкупен износ од речиси 20 илјади евра или 1.000 евра за хектар.
Бидејќи од година на година сè повеќе расте интересот на физичките лица за пошумување земјиште што е во нивна сопственост, заложбата на МЗШВ е во иднина да се обезбедуваат повеќе средства за финансирање не само на оваа мерка за пошумување туку во договор со сопствениците на приватни шуми да се финансираат и други мерки што се во нивни интерес.
Во согласнот со Закон за шумите, Владата секоја година носи програма за проширена репродукција на шумите, со која се обезбедуваат средства за финансирање повеќе мерки од областа на шумарството, како што се пошумување голини и ерозивни земјишта, одгледување и заштита на шумите, санирање опожарени шумски површини како во државна така и во приватна сопственост. За в година буџетот за оваа програма ќе биде зголемен четири пати.
Една од важните цели на Владата ќе биде зголемување на шумскиот фонд во Македонија и многу поквалитетно чување на шумите и заштита од дивата сеча. А еден од главните приоритети во шумарството, кој е во план да почне, е инвентаризација на шумите преку која ќе се утврди фактичката состојба со каков шумски фонд располага Македонија со цел правилно да се креираат политиките за управување и стопанисување со шумите во иднина.




Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]