Дојдоа некои чудни времиња кога не се почитува ниту она што е свето и божји имот. Долги години ги посматрам црковните шуми и не можам да се изначудам кој го дозволил тоа да се сечат и зашто тоа се прави. Шетајќи низ Македонија имам заприметено дека најубавите и најстари шуми се токму вакавски, бидејќи низ вековите народот и локалните жители од почит кон бога и верата не се осудувале да ги сечат, без разлика на чија религија припаѓале тие. Изгледа и турците имале поголема почит кон нашата вера од нас самите, бидејќи ни тие не се осмелувале да ги сечат црковните шуми.
Сепак се чини дека и населението низ Македонија полека го согледува тоа па постепено почнуваат да го дигаат својот глас и да го штитат она што со векови го штителе нивните предци. Локалното население од секогаш биле најголеми заштитници на црквата и верата, како и на нејзиниот имот. Ваков апел за помош во заштита на она што е божјо, доаѓа и од преспанскиот дел на нашата држава. Бидејќи станува збор за дел кој го тангира шумарството во целост го пренесуваме апелот на жителите на село Јанкоец од ресенско, со надеж дека ќе успеат во своите напори.
Почитувани граѓани на Ресен и Преспа!
Во услови кога немаме медиум и нема начин како да ви се обратиме и да ја побараме вашата подршка. Еве преку фб, исто како своевремено кога преку брановите на Радио Ресен ве повикувавме да се "дигне старо и младо" за да го гаси пожарот во манастирската шума над "Св. Пресвета Богородица" во Јанковец.“
Почитувани!
Една стара поговорка велеше: "Ако Ресен изгори, Јанкоштани ќе го изградат. Сега Јанковец бара помош и подршка од Вас.
Почитувани!
Шумата повторно е доведена во опасност. Некој решил да ја сечи комплетно, заради финансиски интереси, притоа не водејќи сметка нити за опасноста од климатски промени (на кои и тоа како сме изложени и со шумата), на поплави и лизгање на земјиштето. Некој решил да си игра мајтап со нашите домови и да ги изложува на ризик. Некој решил со тешки товарни возила и спуст на дрва од манастирот да ја наруши статиката на куќите, да ги изора улиците кои се направени со наши пари. Црквата зема, ама не дава. Ние сме подготвени по секоја цена да ја браниме шумата, која колку е наша, толку е ваша. Иако титуларот на сопственоста гласи на МПЦ, тоа на МПЦ и го дала оваа држава и овој народ.
Ја повикуваме уште еднаш Преспанско-Пелагониската епархија уште еднаш да си го преиспита мислењето, за да го избегнат гневот на јавноста.
Извор: Facebook стана на Јанкоец
ConversionConversion EmoticonEmoticon