Од што онеме ревизорот по увидот во книгите на „Македонски шуми“?


Република Македонија сеуште нема катастар на шуми, а ЈП „Македонски шуми“ и после 20 години постоење и работење не направило попис на државното шумско богатсво во нашата држава !!! Многумина се прашуваат дали ова е параван зад кој се крие шумската мафија во земјава и со што и се овозможува да прави што сака со шумите? Навистина несватливо зошто никој до сега не востановил шумски катастар и оставил „Македонски шуми“ 20 години да си поигрува со законот и да не направи попис на шумскиот фонд со кој располага?
Ова е голем скандал во шумарството, што може да се поврзе со прикривање на уништувањето на нашите шуми ? Дали со тоа институциите на некој начин помеѓу себе си го прикриваат криминалот, корупцијата и незаконското работење ?


Независниот ревизор што направи ревизија на финансиските извештаи за работењето на ЈП „Македонски шуми“ за 2015 и 2016 година во нивниот извештај наменет за сопственикот на ЈП „Македонски шуми“ односно Владата на Република Македонија и поконретно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како ресор директно надлежен за работата и контролата на ова јавно претпријатие, пишува дека се воздржа од давање мислење. Овие извештаи од работата на независниот ревизор за 2015 и 2016 година новинарската екипа на „Фактор“ ги побарала од актуелното раководство на јавното претпријатие, но од таму се уште има молк. Воедно на нивно барање биле испратени и годишните извештаи за работа на друштвото за 2015 и 2016 година.
Помеѓу бројните дилеми за работењето на ЈП „Македонски шуми“ во посочените години, има неколку кои се нависнита зачудувачки заради кои независниот ревизор се воздржал од давање мислење.

Никогаш не е направен попис колку државна шума има Република Македонија !?!?

Колку и да звучи нестварно, јавното претпријатие до сега никогаш не направило попис на државните шуми со кои стопанисуваво своите забелешки го утврдил независниот ревизорот. Колку за да стекнете појасна слика, ЈП „Македонски шуми“ постои веќе 20 години – формирано е 1997 година, а започнало со работа во 1998 година. Според извештајот на ревизијата, членот 77 став 2 од Законот за шумите предвидува задолжително правење попис секоја година и негово задолжително доставување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Навистина не е јасно, зошто никој од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство досега ниту еднаш не побарал да се направи попис?

Зошто не е воспоставен катастар на шуми?

Замислете, во нашата држава и после цели 27 години од нејзината независност до сега не е воспоставен Катастар на шуми. Во член 77 став 1 од Законот за шуми јасно е прецизирано дека, Катастарот на шуми да го воспостави органот надлежен за работите во шумарството. Зошто досега нема катастар за шуми и цели 27 години се толерира непочитување на законот од страна на менаџментот на јавното претпријатие ?
Ова прашање новинарска екипа на „Фактор“ го поставила на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и доколку добие одговор со него ќе биде запознаена целата наша јавност. Во извештајот на независниот ревизорот пишува дека како причина зашто ЈП „Македонски шуми“ не може да направи попис е немањето на шумски катастар.

Сечата не се евидентира и не влијае врз вредноста на шумите ?!?!

Во својот извештај ревизијата дава објаснување дека се воздржува од свое мислење помеѓу другото и заради тоа што кај шумите не се евидентира никакво намалување на вредноста како резултат на сечата. „Во финансиските извештаи на претпријатието не е воспоставена поврзаност меѓу биолошките средства – шумите како извор на граѓа и производство во кое дрвната маса се преработува и финишира во готов производ. Напротив кај шумите не се евидентира никакво намалување како резултат на сеча, а влезот во производство во тек се евидентира по плански цени кои во себе не ја содржат вредноста на дрвната маса од сеча. Поради наведеното вредноста на шумите перманентно се зголемува, а залихите на производство во тек и готови производи се евидентираат по нереално искажани вредности.“ - цитат од резиворскиот извештај.
Во својот извештај и за 2015 и 2016 година ревизорите потенцираат дека јавното претпријатие вредноста на државните шуми ја утврдува врз основа на “Правилник за содржина на посебни планови за стопанисување со шуми“, “Посебни планови за одгледување и заштита на шуми“ и “Годишни изведбени планови“. Меѓутоа, овој Правилник во делот на вреднување на шумските насади не е усогласен со Меѓународниот сметководствен стандард 41.18 –Земјоделство (Службен весник 159/2009 година) и Закон за проценување (Службен весник 115/2010 година).
Новинарската екипа на „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста доставило прашања на оваа тема до старо/новиот менаџмент на ЈП „Македонски шуми“ и до надлежните лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од неделникот информираат дека доколку добијат одговори, истите веднаш ќе ги објават во целост.

Извор: /www.faktor.mk/


Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]