Зимски одмор: Планинска убавина на само еден час од Скопје


Китка — планина во Македонија, која се наоѓа југоисточно од градот Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка.


На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница. Највисок врв е врвот Лисец со 1.588 метри надморска височина, а на билото се истакнува и врвот Красна со 1.565 метри надморска височина и препознатливи карпести облици.


Билото на планината Китка претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија, поради што е многу раширена дивата сеча на дрва која немилосрдно ја пустоши шумата.



На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која оди кон Солунска Глава, а постојат и возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала Река“. На нејзината северозападна падина е расположена областа Торбешија.



Одлично место да поминете квалитетно време за зимскиот одмор и празниците со вашите блиски. Планинско доживување кое ќе ја истакне вашата авантуристичка и истражувачка страна но во исто време ќе ве смири со својата дивина и тишина. Бидете во хармонија со природата и уживајте во погледот што го нуди овој рај.



Previous
Next Post »

pgallery

[Gallery][pgallery]