На Битола да ѝ се врати едното белодробно крило кое го изгуби за време на пожарите пред десет години, предлага регионалното географско друштво „Геосфера“ кое веќе изврши мапирање на загадувачите во Битола. Станува збор за пошумување со иглолисна шума на Снеговско-Облаковскиот масив, над обиколницата во Битола, каде шумата изгоре во големиот пожар во 2007. Друштвото подготви листа со сериозни предлози за намалување на аерозагадувањето во Битола и ги достави до Општина Битола, со која веќе потпиша договор за соработка.
„Геосфера“ предлага да се направат коридори од иглолисни дрвја, паркови, тампон зони со дрвја кај јагленокопот на РЕК, да се засадат иглолисни лилјани покрај реката Драгор, па и поставување дрвореди на паркинзите, кои во најголем дел се без ниту едно дрво. Со ова сметаат дека ќе се внесе свеж воздух во градот под Пелистер.
Покрај пошумувањето, предлагаат Битола да добие уште неколку пешачки зони освен Широк Сокак. Меѓу нив да бидат Булеварот 1-ви Мај и улицата Никола Тесла.
До конечното гасифицирање на градот, како трајна мерка за решавање на аерозагадувањето од оџаците на домаќинствата и институциите се предлага инсталација на водени филтри на котлите на мазут кои користат огревно дрво или јаглен. Достава на сертифицирано огревно дрво со низок процент на влага. Ваквото огревно дрво загадува трипати помалку од останатото дрво, а за негова набавка да се субвенционираат и социјално загрозените домаќинства кои ги има околу 900. За тоа ќе треба да се предвидат околу 100.000 евра.
Извор: /sdk.mk/index.php/
ConversionConversion EmoticonEmoticon