Владата на вчерашната 50-та седница усвои неколку Програми по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и информации за распишување на јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и над 3 хектари.
За шумарите секако дека најзначајно е усвојувањето на Програмата за проширена репродукција на шумите за 2018 година, во износ од 19.500.000,00 денари или околу 317.000 евра.
Овие средства треба да бидат наменети за пошумување на голини и ерозивни земјишта во државна сопственост со садници, пошумување на голини и ерозивни земјишта во приватна сопственост со садници, нега со прореди за подобрување на квалитетот на шумскиот фонд, отстранување на последиците од шумски пожари, заштита на шумите и шумските култури од растителни болести и штетници.
Колку за потсетување, овие средства се четири пати поголеми од претходната година и ќе бидат добредојдени за шумарството.
ConversionConversion EmoticonEmoticon