Многумина од нас често го посетуваат Титов врв или еднаш годишно во месец мај кога одат 500 до 1000 луѓе на ова групно искачување... исто познавам луѓе кои одат доста и во зима!
Замислете на едно ваше одење да ја видите Кулата, симболот што веќе скоро 70 години е таму, да ја нема или да е срушена!?!
Од еден симбол, едно засолниште ќе остане само спомен :(
За среќа луѓето од клубот ПЕД "Argentus mount" - Тетово не го дозволуваат тоа. Тие веќе подолго време работат на кулата, но најголем проблем им преставува транспортот и секако недостатокот на луѓе.
Знам дека секој лајк на Фејсбук ги поттикнува да продолжат, но тоа не е воопшто доволно за жал.
Направете второ или трето искачување годинава на Титов врв носејќи вода, 4 до 5 кг песок или бидете им придружба на овие луѓе.
Дајте да се собереме 100-200-500 луѓе да видат и они дека не се сами! Дека сме со нив - кој колку може да помогне. Заедно сме појаки, а симболот на Шара ќе остане подолго за генерации.
Споделете ја оваа информација Ве молам.
Лице за контакт 071 561 449 Звонко Алексоски.
п.с. Благодарам однапред и да се видиме на Титов врв со работа и дружба да прославиме сите заедно.
ConversionConversion EmoticonEmoticon