Жолтата смрчка е јадлива печурка од фамилијата Morchellaceae. Латинското име на родот Morchella е латинизиран германски збот morchel, што значи габа. Името смрчка го спомнува српскиот филолог и лингвист Вук Караџиќ (1787 - 1864 год) во речникот од 1852 година, а потекнува од смрча, смрека, печурка која расне под смреките.
Тоа е јадлива габа со одлични карактеристики. Не смее да се јаде сирова, туку термички добро обработена, бидејќи во спротивно предизвикува тешки стомачни тегоби.
Жолтата Смрчка е многу посакувана печурка и многу невообичаена. Тие еволуирале од квасец , па затоа се стекнале со висок степен на структурна комплексност. Смрчката е најскапата печурка која може да се одгледува. Нејзината цена е околу 500 евра за 1 килограм сушена.
Вкусот на Смрчката е прекрасен и силен и апсолутно надвор споредба со било која друга храна. Изгледот и текстура смрчката е многу необичен ако не и единствен.
Одгледувањето на Смрчката е најтешко од сите други видови на култивирани печурки. Комплаксна работа во која треба да знаете што правите. Сите три видови жолтата, белата и црната смрчка можат да се одгледуваат, но за тоа е потребно големо искуство и знаење од областа на печурките.
Опис на видот: Плодното тело се состои од шапка и од дршка.
Шапката е висока од 4 до 12 сантиметри и широка од 4 до 8 сантиметри и има овална форма. Од врвот на шапката кон дното се спуштаат ребра кои се попречно преградени и создаваат јами, па целата површина потсетува на пчелино саќе. Ребрата имаат различни нијанси на окер и кафеaвa боја, а јамите се посветли. Шапката и дршката се потполно споени.
Дршката е висока од 3 до 8 сантиметри и широка од 1,5 до 3 сантиметри; има нечисто бела до светло жолта боја; набрчкана е и зрнеста, а кон основата се проширува. И шапката и дршката се шупливи.
Месото е крцкаво, со белузлаво до светло розова боја, со сладок вкус и пријатен мирис.
Живеалиште: Расте на песочно или глинено тло, на отворени места (полиња, ливади, пасишта, чумски голини) или во светли листопадни шуми (топола, даб). Плодното тело расте во помали групи, а ретко поединечно.
Делови кои се собираат: Плодното тело.
Време на собирање: Во зависност од надморската височина, собирањето се врши од средината на март до крајот на мај.
Алатки за собирање: Собирањето се врши исклучително рачно.
ConversionConversion EmoticonEmoticon